Катастарска парцела 3.730 — археолошко наоѓалиште во Струмица, Општина Струмица.

Претставува некропола од доцноантичко време. Во централното градско јадро, во парцелата сопственост на Трајко Атанасов, што се наоѓа на аголот од улиците „Боро Џони“ и „Херој Карпош“, со машинското копање за темели на станбен објект биле откриени и делумно уништени неколку гробни конструкции. Во 1989 година Заводот и музеј во Струмица извршил заштитно ископување со што е откриен дел од некропола, а во југозападниот крај на просторот нејасни остатоци од архитектонски објект.

Биле отворени повеќе гробови, вкопани во длабочина од 1,25 до 1,95 м, со конструкции од тегули и имбрекси (тип „на две води“), во основата опкружени со венец од нафрлени камења и сите со инхумирани покојници. Со оглед на близината до старата пошта, каде што при нејзината изградба е откриена некропола со исти конструкции на гробови (Градско паркче), веројатно и гробовите од оваа парцела се дел од истата доцноантичка некрополаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко; Марково Кале Мачук Градско паркче Орта џамија Самарница Црква “Св. Петнаесет тивериополски маченици“ Тивериопол Струмичко Кале

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Струмица