Франкоп е кварт во округот Харбург на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија.
Географија
Во 2008, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 9,1 км2.Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Франкоп е дел од областа Алтес Ланд („стар крај“). На север е квартот Финкенвердер на округот Хамбург-Мите, на исток е квартот Алтенвердер, Морбург и Хаусбрух. Франкоп на југ се граничи со Нојграбен-Фишбек и на запад со Нојенфелде.
Демографија
Во 2008, во квартот Франкоп живееле 634 луѓе. Густината на население била 70 жители на км2. 17,1% биле деца под 18 години, а 19,4% имале 65 или повеќе години. 3,3% биле имигранти. 15 лица биле регистрирани како невработени.
Во 1999, имало 322 домаќинства од кои 24,8% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 34,8% од сите домаќинства биле составени од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 2,3.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
Население по години 1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 725 737 732 748 753 740 719 707 721 701 713 721 721 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 726 698 704 701 674 662 639 636 634
Наводи
Надворешни врски
Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница
Категорија:Четрти во Хамбург