Буковиќ — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Буковиќ се наоѓа во западните делови на Скопската Котлина, во близина на автопатот Скопје - Тетово. Селото се наоѓа на десниот брег на реката Суводолица.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 43 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 155 мажи муслимани, со 12 новороденчиња и еден христијанин, собирач на данок. Се проценува дека селото во тој период имало 334 жители.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Буковиќ живееле 180 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
Како село со албанско население било означено и од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 1.723 жители, од кои 1.721 Албанец, 1 Македонец и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.842 жители, од кои 1.769 Албанци и 73 лица без податоци.
Родови Буковиќ е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Салае (22 к.), Деме (11 к.), Дервише (11 к.) и Мулаи (8 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од некое место во северна Албанија. Леске или Карач (9 к.) доселени се од селото Биче кај Љума во Албанија. Шумили (3 к.) доселени се, но не знаат од каде. Торбеши (6 к.) и Дибрани (10 к.) потеклото на овие два рода е торбешко. Порано нивните предци збореле македонски. Доселени се од Долна Река и Дебарско.
Општествени установи ОУ "Емин Дураку" - Буковиќ
Наводи
Надворешни врски
Сателитска снимка на Буковиќ, на Карти на Гугл