Хафен Сити е кварт во округот Хамбург-Мите во Хамбург, Германија. Се наоѓа на речниот остров на Елба, кој се нарекува Кервидер и Вандрам.
Хафен Сити Хамбург е проект на градско планирање, каде што старите пристанишни магацини и складишта на Хамбург се заменуваат со канцеларии, хотели, продавници, службени згради и станбени области. Проектот е најголемиот проект за обнова во Европа во поглед на површината (приближно 2,2 км2). Површината на Хафен Сити користена е како дел од слободно пристаниште, но намалената економска важност на слободните пристаништа во ерата на слободната трговија на ЕУ, ги отстрани ограничувањата во постојната област на Хафен Сити. Кога целосно ќе биде развиено, ќе биде дом на околу 12.000 луѓе и ќе обезбеди работни места за 40.000 луѓе, најмногу во канцелариските комплекси. Рокот за завршување не е јасно поставен, но веројатно ќе заврши околу 2020-2030.
Историја
На 1 март 2008, поради законот за Хамбург, на соседството Хафен Сити му бил доделен статус на кварт.Закон за територијална организација
Образование
Квартот е опслужуван од Katharinenschule, основно училиште. Исто така, ќе биде иден дом на Хафен Сити Универзитет , нова школа за архитектурата и урбаното планирање.
Култура
Градот Хамбург изградил нова концертна сала на местото на стариот магацин од 2007 до 2017 г. наречена Елпска филхармонија. Проектот е нова знаменитост на градот, но е критикуван поради преминувањето на трошоците доцнењето во однос на договорениот термин.http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5460320,00.html
Економија
Во областа, се наоѓа сегашното германско седиште на Kühne & Nagel, меѓународна бродска компанија; новото седиште на Шпигел Груп на Ерикусшпице и Unilever . Се очекува новото седиште на Гринпис, исто така да биде во Хафен Сити. Центарот на ХАДАГ ги отвори своите врати во 2009.
Инфраструктура
Почесниот конзулат на Киргистан основан во Хамбург во 1995 се наоѓа во улицата Am Sandtorkai 77.Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Канцеларство на Сенатот (април 2008)
Сообраќај
Квартот ќе биде опслужуван со ново изградената линија на подземната железница, У4, која ќе биде завршена во 2011. Линијата предвидува две станици Überseequartier и Hafencity University.
Поврзано
Хамбуршко пристаниште Меѓународен поморски музеј Хамбург
Наводи
Надворешни врски
Хафен Сити (англиски) Законот за територијална организација, 6 јули 2006 Gesetz über die räumliche Gliederung der Freien und Hansestadt Hamburg (RäumGiG)
Категорија:Четрти во Хамбург