Дин (симб. dyn, дин; од грч. δύναμις [динамис] = моќ, сила) е единица за сила од системо СГС, кој е претходник на современиот систем SI. Еден дин е еднаков на точно 10 µN (микроњутни), или, по дефиниција: силата што ѝ дава на маса од 1 грам забрзување од 1 сантиметар за 1 секунда:„дин“ - Лексикон на македонскиот јазик, он. нет
1 dyn = 1 g·cm/s² = 10−5 kg·m/s² = 10−5 N
Единицата дин по сантиметар се користи за изразување на површинско напрегање. На пример, површинското напрегање на дестилираната вода изнесува 72 dyn/cm при 25 °C, а изразено во SI-единици ова би било 72 x 10−3 N/m или 72 mN/m.
Наводи
Категорија:Единици за сила Категорија:СГС-единици