Ставрос Димас (грчки: Σταύρος Δήμας, роден на во ) е грчки политичар и поранешен министер за надворешни работи на Грција.

Семејството на Димас потекнува од селото Кленија, Коринтија. Студирал право и економија на Универзитетот во Атина, а во Њујорк магистрирал. Во 1969 година започнал да работи како адвокат за фирма од Вол Стрит, а следната година заминал во Светска Банка. Во 1975 година се вратил во Грција и ја презел функцијата заменик гувернер на Грција.

Во 1977 година станал активен член на партијата Нова демократија, а како член на грчкиот парламент бил избран во десет последователни мандати. Тој ги има извршвано следните функции:

Заменик-министер за економска координација (1977-1980) Министер за трговија (1980-1981) Парламентарен портпарол на партија Нова демократија (1985-1989) Министер за земјоделство (1989-1990) Министер за индустрија, енергетика и технологија (1990-1991) Генерален секретар на Нова демократија (1995-2000) Висок член за политичка анализа на Управниот комитет на Нова демократија (2000-2003)

Димас на кратко бил во комисијата на Романо Проди. Како комесар за вработување и социјални работи на Европската унија бил назначен во март 2004 година, и функцијата ја презел од Ана Дијамантопулу. На оваа комисија бил до ноември 2004 година.

Од 11 ноември 2011 година станал министер за надворешни работи на Грција.

Категорија:Живи луѓе Категорија:Грчки политичари Категорија:Министри за надворешни работи на Грција Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1977-1981) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1981-1985) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1985-1989) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1989-1990) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1990-1993) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1993-1996) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (1996-2000) Категорија:Членови на Грчкиот парламент (2000-2004) Категорија:Политичари од Нова демократија (Грција)