Лумен (симб. lm, лм) е изведена SI-единица за светлосен тек, што изразува вкупното количество видлива светлина што ја зрачи некој извор. Светлосниот тек се разликува од моќта („зрачен тек“) по тоа што ја зема предвид чувствителноста на човечкото око на светлини со различни бранови должини, додека пак зрачниот тек ја претставува вкупната моќ на израчената светлина, независно од тоа како ја гледа окото.

Луменот се дефинира во однос на канделата како 1 lm = 1 cd·sr Една топка во целина има просторен агол од 4·π стерадијани, , па затоа еден светлосен извор што рамномерно зрачи една кандела во сите насоки има вкупен светлосен тек од 1 cd·4π sr = 4π ≈ 12,57 лумени.

Објаснување Ако светлосниот извор зрачи со јачина од една кандела рамномерно врз просторен агол од еден стерадијан, вкупниот светлосен тек што зрачи врз тој агол ќе биде еден лумен ( 1 cd·1 sr=1 lm ).

Со други зборови, еде изотропен светлосен извор од една кандела зрачи со вкупен светлосен тек од точно 4π лумени. Ако изворот го покриеме со идеално непропусна полутопка, системот ќе зрачи половина од тој тек —само 2π лумени. Светлосната јачина и понатаму ќе биде една кандела, но ќе зрачи само низ непокриениот дел.

Неформално претставено, луменот може да се замисли како мерка за вкупното „количество“ на видлива светлина во одреден сноп или агол, или што го зрачи некој извор. Бројот на кандели или лумени што го зрачи некој извор зависи и од спектарот, преку номиналната чувствителност на човечкото око, претставена со функцијата на светлосна делотворност.

Разликата помеѓу луменот и луксот се состои во тоа што луксот ја зема предвид површината врз која се простира светлосниот тек. Тек од 1000 лумени врз површина од еден квадратен метар дава осветленост од 1000 лукса. Истите 1000 лумени врз десет квадратни метри даваат осветленост од 100 лукса. Математички претставено, .

Еден извор што зрачи со моќ од еден ват светлина со боја за која окото е најспособно (бранова должина од 555 nm во зеленото поле), изворот ќе има светлосен тек од 683 лумени. Ова значи дека луменот претставува барем вати видлива светлосна моќ, зависно од спектралната распределба.

Фотометриски единици во SI

Поврзано Блесок Сјајност Лукс Светлосна делотворност

Наводи

Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Фотометрија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ