Вебер (симб: Wb, Вб) — единица за магнетен тек од системот SI. Густина на текот од еден Wb/m2 (еден вебер на квадратен метар) изнесува една тесла.

Единицата го носи името на германскиот физичар Вилхелм Едуард Вебер (1804–1891).

Дефиниција

Веберот може да се дефинира во однос на Фарадеевиот закон, кој го утврдува односот помеѓу промената на магнетниот тек (флукс) низ затворен круг и електричното поле околу кругот. Промената на текот од еден вебер индуцира напон (електромоторна сила) од еден волт во секунда.„вебер“ - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет

Официјално, Вебер (единица за магнетен тек) — Вебер е магнетниот тек кој, во затворен единечен круг, ќе произведе електромоторна сила од 1 волт ако се намали на нула по рамномерна стапка за 1 секунда. мини|Вилхелм Едуард Вебер по кого единицата го добила името Изразено во основни SI-единици, димензиите на веберот се (kg·m2)/(s2·A). Може да се изрази и со други изведени единици како тесли на квадратен метар (T·m2), волтсекунди (V·s) и џули на ампер (J/A).

1 Wb = 1 V·s = 1 T·m2 = 1 J/A = 108 Mx (максвели).

Наводи

Категорија:Изведени SI-единици Категорија:Единици за магнетен тек Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ