Грбот на Општина Виница е официјалниот грб на оваа македонска општина. Грбот ги претставуваат историските, културните, стопанско-економските и еколошките одлики на општината.
Опис Грбот на општина Виница има форма на отсечен штит или германска форма. Амблемот има хералдички фигури и тоа: 1/4 од висината на подножјето на левата страна бојадисано со зелена боја, а нехералдички фигури (од природата) на зелената површина е поставен жолт грозд 1/8 од висината, на 2/3 од висината е нанесена силуетата на археолошкото наоѓалиште „Кале“ во црвена боја, на 1/8 од висината на грбот централно е поставен „Константиновиот крст“ со големина 1/4 во жолта контура и црвена испуна, тополите се со иста големина како и крстот во зелена боја поставени на десната хералдичка страна централна во однос на хоризонталата од крстот, сонцето е содржано во ширината на грбот на 1/8 од висината во жолта боја, позадината од силуетата на „Калето“ е во сина боја. Во горниот дел од грбот во форма на лента е испишано името на градот. Бои на грбот се црвена, зелена, сина, жолта.Статут на Општина Виница
Наводи
Поврзано Знаме на Општина Виница Грбови на општините во Македонија Општина Виница
Надворешни врски Статут на Општина Виница Симболи на Општина Виница
Категорија:Општина Виница Виница