Бура во Галилејското Море (холандски: Christus in de storm op het meer van Galilea) е слика на холандскиот уметник Рембрант ван Рајн. Тоа е единствениот морски пејзаж на Рембрант.
Нацртана е во 1633 година и до 18 март 1990 година се наоѓала во музејот Изабела Стјуарт Гарднер во Бостон, Масачусетс, кога била украдена.
Сликата го претставува чудото на Исус, скротување на бурата во Галилејското Море, како што е опишано во четвртата глава на Евангелието од Марко во Новиот завет. Се смета дека Рембрант се цртал себеси во сликата — на неа се прикажани Исус, 12-те негови ученици и уште еден морнар кој гледа кон гледачот. За тој приказ се вели дека е автопортрет на уметници.
Сликата е загубена после грабежот на 18 март 1990, кога, преоблечени како полицајци, крадци собираат 12 слики од истиот музеј. Празните рамки на сликите стојат на истите места и денес.
Наводи
Надворешни врски One reference A second; did Rembrandt depict himself in the painting? Gardner Museum link The FBI on the theft Forbes on the theft
Категорија:Уметнички слики од 1633 година Категорија:Слики со Исус Категорија:Украдени уметнички дела Категорија:Слики од Рембрант