Паничари — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 261 жител.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Општина Сарај. Селото е планинско.
Историја Кон крајот на XIX век селото било дел од Тетовската Каза, Отоманско Царство. Според податоците на Васил К’нчов, селото во 1900 година имало населениеод 165 жители Албанци муслимани.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.211 Според Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година имало 23 куќи со 174 жители Албанци.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
Население
По Балканските војни е забележано со 130 жители.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 261 жител, од кои 260 Албанци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 107 Албанци и 23 лица без податоци.
Родови Паничари е албанско село.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:
Доселеници
Кокош (18 к.) за нивното потекло ништо не се знае, или не сакаат да кажат. Возможно е да се староседелци. Мирте (15 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Од таму се иселиле двајца браќа. Едниот се населил во селото Арнакија, а другиот во Паничари. Потомците на двајцата браќа и денес се сметаат за блиски роднини. Овде живеат од средината на XIX век.
Поврзано Општина Сарај Скопје
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Паничари, на Карти на Гугл