Васко Панчаровски (, Костурско, - , ) ― канадски хуманист од македонска народност, еден од најголемите борци за македонските човекови права во дијаспората.
Животопис
Панчаровски е роден е во село Габреш, Костурско во 1932 година. Ја доживува голготата на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција, жртви на грчкиот монархофашизам. Живеел во Чехословачка сè до доаѓањето во Канада, а дипломирал историја и географија на Универзитетот во Прага. Придонесот на Панчаровски во борбата за правата на Македонците во соседните земји е огромен. Тој во почетокот на 90тите години на XX век бил еден од основачите на Македонското интернационално движење за човекови права и иницијатор за формирање на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија на северноамериканскиот континент. Починал во Торонто, Канада на 77 годишна возраст на 11 април 2009 година. Наводи
Категорија:Деца бегалци Категорија:Луѓе од Габреш (Костурско) Категорија:Македонци од Канада Категорија:Канадски хуманисти Категорија:Македонски хуманисти Категорија:Канадски општественици