Рафаел Мартињо Алвес де Лима или попознат како Рафаел Мартињо е бразилски фудбалер којшто игра во Италија за Серија Б тимот Верона како позајмен од екипата на ФК Катанија.

Доаѓањето во Италија

Катанија

Мартињо потпиша за Катанија на 21 мај 2010 година откако му беше издаден европски пасош.Цената на трансферот изанесувала скромни 200 илјади евра.

Своето деби за тимот од Сицилија го имал на 24 октомври 2010 во рамките на 8-то коло од Серија А против Џенова.Тој беше стартер и во сицилијанското дерби против Палермо,но неговиот тим загуби со 3:1.Својот прв гол во професионалната кариера го постигнал на 25 ноември 2010 во победата на Катанија од 5:1 над Бреша во купот на Италија.На крајот од сезоната одиграл 11 меча во Серија А и 2 во купот на Италија.

Чезена

На 23 август 2011 Мартињо дојде во Чезена на едногодишна позајмица.Тој дебитираше за својот нов тим против Лацио во четвртото коло од првенството влегувајќи во 76-тата минута како замена за Маурицио Лауро.

Наводи

Надворешни врски

Raphael Martinho profile at Soccerway

Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Катанија Категорија:Фудбалери на ФК Чезена Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Карпи Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1988 година