Берија — нискозаситена боја, синчесто-зеленкаста боја слична на синозелената и темнотиркизната. Со добива со мешање на зелена и сина на основа на бела боја, по потреба затемнувајќи ја со црна или сива. Комплементарна боја на беријата е корално-розовата. Беријата е една од шеснаесетте основни семрежни бои на HTML/CSS, утврдени во 1987.
Името го добила по бојата околу очите на патката берија или „крѓа“ (Anas crecca). Некритички список на птиците во Македонија - 39. „патка берија“ (Anas crecca)
Нијанси на берија
мини|лево|200п|Патка берија (A. crecca) Бериска сина е среден тон на берија со поголема доза на сина боја.
Разните светли и подлабоки сини тонови и зеленкасти берии се користат во модната индустрија, внатрешното уредување, индустриското и графичкото уредување. Извор на оваа боја е системот „Плошер“ (Plochere Color System) осмислен во 1948, кој наоѓа широка примена во внатрешното уредување.
Симболика Меѓу попознатите примени на беријата е како боја на движењето против сексуално злоставување на жените.
Поврзано Список на бои Патка берија
Наводи
Категорија:Нијанси на синозелената боја Категорија:Нијанси на сината боја Категорија:Нијанси на зелената боја