Милош Билбија (Босанско Грахово, - , ) бил виден македонски археолог, долгогодишен истражувач на праисторијата, најпознат како пронаоѓач на познатата неолитска скулптура Адам од Говрлево.

Животопис Билбија е роден на 26 февруари 1948 година во Босанско Грахово, во Босна и Херцеговина, а дипломирал во 1973 година на Филозофскиот факултет во Белград на Катедрата за археологија. Работел во Музејот на Град Скопје, како виш кустос во Одделението за археологија, а во неговата богата професионална биографија остануваат забележани систематските археолошки истражувања на неолитските и металодобните култури во Скопската Котлина, на наоѓалиштата Скупи, Чрне - Маркови Кули во Скопје, Говрлево, во Матка - Михајлова Пештера, во истражувањата на праисторијата во Славонија, Хрватска, во наоѓалиштето Церје во Словенија и други. Билбија бил член на Македонското археолошко научно друштво. По тешко боледување починал во Скопје на 21 април 2010 година.

Наводи

Надворешни врски

Милош Билбија и Адам од Говрлево (Утрински Весник, 12 април 2011)

Категорија:Македонски археолози Категорија:Срби во Босна и Херцеговина Категорија:Македонски Срби