Претин — град и поранешна општина во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јануари 2011, е дел од градот Анабург. Бил дел од поранешната заедницата на општини Анабург-Претин.

Географија и сообраќај

Градот се наоѓа околу 30 километри југоисточно од Витенберг и околу 12 километри северозападно од Торгау во низините на источниот брег на Елба, западно од областа Анабург. Западно од градот води сојузниот автопат (Bundesstraße) B 182, и на север е B 187. На југ, градот се граничи со Саксонија. Претин е поврзан со саксонската општина Домич со ферибот на Елба.

Луѓе

Ото Карл Бахман (1877–1954), кој во 1927 станал првиот градоначалник од KPD на германски град (Елсниц во саксонскиот округ Фогтландкрајс).

Надворешни врски

Службена страница на градот

Категорија:Градови во Саксонија-Анхалт Категорија:Витенберг (округ)