Чајлане — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во западниот дел од Скопската Котлина, лево од автпатот Тетово - Скопје.
Историја Во век, селото е дел од нахијата Дервент во Скопската Каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 22 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 104 мажи муслимани, со 7 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 222 жители.
Како село со албанско население било означено од страна на Леонард Шулце Јена во 1927 година.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 Исто така, слични податоци дава и Афанасиј Селишчев во 1929 година.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 580 жители, од кои 577 Албанци, 2 Бошњаци и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 639 жители, од кои 602 Албанци и 37 лица без податоци.
Родови Чајлане е албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Ибишалар (15 к.), Миналар (14 к.), Исафалар (19 к.) и Вјш или Долдур (19 к.) сите се доселени од фисот Бериша во северна Албанија. Доселени се пред повеќе од 200 години.
Поврзано Општина Сарај Скопје
Наводи
Надворешни врски Сателитска снимка на Чајлане, на Карти на Гугл