Арачиново — село во Општина Арачиново и нејзин административен центар, во околината на градот Скопје.

Дел од селото е проширено кон атарот на соседното Мојанци, со што вбројувајќи ги жителите на тие пописни кругови селото брои 10.538 жители и претставува најголемо село во Македонија. Воедно, во поново време селото се шири и кон атарот на соседното Брњарци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на источната страна од Скопската Котлина, односно источно од градот Скопје. Населбата претставува седиште на истоимената општина. Селото е рамничарско, на надморска височина од 260 метри. Лежи на второстепен локален пат, којшто го поврзува со централното место Скопје, од кое е на оддалеченост од 10 км.

Топонимија Низ атарот на селото денес се среќаваат следниве топоними:

Амзовица, Арачински Рид, Арсум, Бавчи, Бадивица, Бел Камен, Белимбеговско, Брест, Бресче, Брњарско, Брњарски Пат, Бучало, Више Село, Врба, Гладно Поле, Голем Чукар, Горни Шамак, Грамада, Ѓулбаш, Ѓурлук, До Ливади, Долна Река, Дрма, Задан, Јасика, Јурија, Јуручки Пат, Каде Мост, Кисел Вир, Крушка, Куклиште, Кулиште, Кула, Ливади, Лозје, Локви, Мандра, Маскин Камен, Мера, Мојанска Река, Нива, Огради, Орашчијна, Орланска Река, Орлански Мост, Орланско, Орман, Под Врба, Под Мера, Под Село, Попова Глава, Попова Нива, Рашчијна, Река, Салибегица, Село, Слива, Сливче, Солен Дол, Средни Рид, Среден Пат, Сусерка, Т.Гроблје, Таир Беговица, Тао Трло, Требеица, Трница, Урсул, Црвеница, Црквиште, Чалија, Чамак, Чукар и Шамак.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската Каза во Отоманското Царство. Во 2001, било окупирано од страна на Ослободителната народна армија како дел од воениот конфликт во Македонија.

Стопанство Атарот зафаќа простор од 9,9 км2. Доминира обработливото земјиште на површина од 754,9 ха, на пасиштата отпаѓаат 106,4 ха, додека шумско земјиште нема. Арачиново има исклучително полјоделска функција.

Население Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Харачине и било христијанско, со 28 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 96 мажи христијани, со 10 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 212 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 108 жители.

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Арачиново живееле 205 жители, од кои 175 Македонци и 30 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.

Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Арачиново имало 120 Македонски егзархисти.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 114-115.

Во 1913 година, во селото биле евидентирани 157 жители. Било дел од Општина Брњарци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци, 100 Албанци, 100 други и 50 Турци.

Во 1961 година селото има 1.037 жители, од кои 296 Македонци, 406 Албанци, 188 Турци, 25 Срби и 122 останати.

На пописот во 1994 биле попишани 6.328 жители, а на пописот од 2002 година селото има 7.315 жители и претставува едно од најголемите села во Македонија, поголемо и од неколку помали македонски градови. Во селото тогаш живееле 594 (иселени 1.290) Македонци, 6.677 Албанци, 1 Влав, 10 Срби, 2 Бошњаци и 31 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 7.991 жител, од кои 4 Македонци, 7.777 Албанци и 210 лица без податоци.

Населбата е аграрно пренаселена, па затоа дел од активното население учествува во дневните миграции спрема Скопје, а дел е вработено во странство.

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика. ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациОст.Лица без под.Вкупно1948—————————584195325616613381—1———6371961296406188——25—122—1.03719713061.64143025—12—22—2.43619816274.372478——15—248—5.74019946205.6751——18—14—6.32820025946.677——110231—7.315202147.777——————2107.991

Личности Исмет Рамадани — македонски политичар Аце Стојановски (1965-2002) — жртва на албанскиот тероризам Велко Стојановски (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Борис Танковски (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Мира Арсовска — учесник во НОВ на Македонија.

Иселеништво Поголем дел од македонското население е раселено по Воениот конфликт во 2001 година, односно тие се внатрешни бегалци. Кај албанското население има иселување во странство.

Општествени установи Стопанство Самоуправа и политика Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2333, 2333/1, 2334, 2334/1, 2335, 2335/1, 2336, 2336/1, 2337 и 2337/1 според Државната изборна комисија, сите сместени во основното училиште.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Талалеј“, изградена во 1994 година, единствената црква во селото

Редовни настани Култура и спорт Поврзано Скопска Црна Гора Општина Арачиново

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Арачиново на Карти на Гугл