Бантоидните јазици се гранка на бенуе-конгоанската група на нигер-конгоанските јазици. Поимот се појавил во 1895 и подразбирал јазици кои имаат сличности во лексиконот со банту-јазиците. Подоцна, во „Јазиците на Африка“ (1963), американскиот јазичар Џозеф Гринберг ги дефинира како групата во која припаѓаат потесните банту-јазици заедно со ним најблиските околни јазици. Денес поимот се употребува во овој смисла.

Во 1989 е предложена поделба на бантоидните јазици на северни и јужни.Williamson, 1989 врз основа на Blench Според предлогот, мамбилоидните и дакоидните јазици ја сочинуваат северната, а сите останати влегуваат во јужната група. Оваа класификација ја користи и Ethnologue. Исправноста на северната група е под прашање, а дакоидните денес во многу дела не се сметаат за бантоидни јазици. Јужната група е неоспорлива генетска целина. Во неа спаѓа познатото и многубројно потсемејство банту.

Наводи

Литература Blench, Roger 'A new classification of Bantoid languages.' - XVII Колоквиум на африканските јазици и лингвистика (Лајден). Williamson, Kay (1989) 'Niger–Congo Overview'. Во: The Niger–Congo languages, уред. John Bendor-Samuel, 3–45. University Press of America. Williamson, Kay & Blench, Roger (2000) 'Niger–Congo', во Heine, Bernd and Nurse, Derek (уред.) African Languages – An Introduction. Cambridge: Cambridge University press, стр. 11–42.

Надворешни врски Бантоидни јазици - Ethnologue Бантоидни јазици - Списание на западноафриканските јазици