Округот Бејкер (англиски: Baker County) е округ во американската сојузна држава Орегон. Округот е дел од областа Источен Орегон, заедно со уште седум други окрузи. Името на округот потекнува од Едвард Диксон Бејкер, орегонски сенатор кој бил убиен за време на Битката кај Балс Блаф во Вирџинија за време на Американската граѓанска војна. Овој округ се одвоил од округот Васко. Според податоците од 2010 година, округот имал население од 16,134 жители. Најголем град, а воедно и центар на округот, е градот Бејкер Сити.

Демографија Според пописот од 2000 година, округот имал население од 16,741 жители, 6,883 домаќинства и 4,680 семејства. Густината на население во округот е 6 лица на километар квадратен.

95.68% белци 0.23% црнци 1.09% староседелци 0.38% Азијци 0.04% луѓе од Тихиот Океан 0.92% останати раси 1.65% мешани

Инкорпорирани градови Бејкер Сити Гринхорн (Орегон) Хајнес (Орегон) Халфвеј (Орегон)Хантингтон (Орегон) Ричленд (Орегон) Самптер (Орегон) Јунити (Орегон)

Поврзано Орегон САД Бејкер Сити

Надворешни врски Трговска комора Бејкер

Категорија:Окрузи во Орегон Категорија:Населени места основани во 1862 година