Тиледа — село и поранешна општина во округот Мансфелд-Зидхарц, во германската покраина Саксонија-Анхалт. Од 1 јули 2009, е дел од градот Келбра. Тиледа се наоѓа на северните падини на планинскиот масив Кифхојзер со споменикот Кифхојзер.
thumb|left|Тиледа / Кифхојзер, околу 1820
Населбата била првпат спомената во раниот 9 век како Dullide, посед на опатијата Херсфелд. Венчавката во 972 г. на царот Отон II се случила во царскиот имот кај Тиледа. Археолошките пронајдоци го потврдија постоењето на замокот; сега е музеј од отворен тип.
Категорија:Села во Саксонија-Анхалт Категорија:Мансфелд-Зидхарц