десно|мини|300п|Видови на скапоцени камења Скапоцен камен (драг, драгоцен или бесценет камен) — парче минерал кој во исполирана и изделкан облик се користи за правење накит или други украси. Меѓутоа одредени карпести (како син камен и органски материјали (како килибарот или ахатот т.е. црн килибар) не се минерали, но сепак се користат за изработка на накит поради нивниот сјај или нивните физички особини кои имаат уметничка вредност. Реткоста е уште една одлика која што ја дава вредноста на скапоцениот камен. Уште од XIX век, од најраната антика освен за накит, изрезбаните и гравираните скапоцени камења како пехарите биле најголемите луксузни уметнички форми, резбаријата на Карл Фаберже била последната најзначајна изработка во оваа традиција.
Особености и подредба
Традиционалната подредба на западот, останата уште од Старите Грци, започнала со разликувањето на драги и полудраги камења. Слични разликувања се направени и во другите култури. Во современата употреба драги камења се :дијамантот, рубинот, сафирот и смарагдот, а сите останати се полудраги. Оваа разлика ја одразува реткоста на овие посебни камења, како и нивниот квалитет уште од древни времиња. Сите се проѕирни со префинета боја на својот чист облик.
Другите камења се подредени според својата боја, проѕирност и цврстина. Традиционалната особеност не ги погодува модерните вредности, на пример додека гранатот е релативно евтин „ зелениот гранат наречен Tsavorite, може да биде многу повреден отколку смарагдот од среден квалитет. цврст камен е уште еден ненаучен израз за полудрагите камења кои се употребуваат во историјата на уметноста и археологијата. Употребата на термините „скапоцени“ и „полускапоцени“ во трговски контекст се веројатно погрешни, бидејќи лажно опфаќа одредени камења кои се во основа повеќе вредни од другите.
Во денешно време камењата ги идентификувааат гемолози коишто ги опишуваат скапоцените камења, како и нивните особености користејки стручна терминологија што се однесува на полето на гемологијата. Првата одлика што гемолозите ја користат за да го откријат видот на скапоцениот камен е нивната хемиска структура. На пример, дијамантите се направени од јаглерод (C) a рубините од алуминиум оксид (Al2O3). Следува дека многу скапоцени камења се кристали коишто се распоредени според својот кристален систем каде што има правоаголни, триаголни или моноклонски. Другиот термин што се употребуве е Хабитен, за оние форми на скапоцени камења што најчесто се наоѓаат. На пример дијамантите, кои имаат кубичен кристален систем најчесто се најдени како осумаголни.
Скапоцените камења се подредени под различни групи, видови и различности. На пример рубинот е од црвениот спектар на видот Корунд, додека пак било која друга боја на корундот се смета за сафир. Смарагдот (зелен), аквамаринот (син), берил (црвен), хелиодор (жолт), морганит (розов) сите овие се видови на Берилот.
Скапоцените камења се одликуваат со показател на прекршување на светлината, протстранетост, специфична гравитација, цврстина, расцепи, пукнатини и сјај. Тие може да покажуваат состојба на колоритност или на двојно прекршување. Тие може да имаат луминисценција и карактеристично впивање на спектар. Некоја честичка или пукнатина може да биде присутна како негова содржина. Скапоцените камења исто така може да бидат подредени во однос на нивната „вода“ (квалитет). Ова е познато подредување на овие камења според нивниот сјај, прозирност или пак блескавост. Најпрозирните камења се сметаат за најквалитетни, додека второстепени и третитостепени се оние со помала прозирност.
Вредност Нема сеопфатен систем за проценка на скапоцените камења. Дијамантите се оценуваат со употреба на систем кој го развил Гемолошкиот институт на Америја (ГИА) уште од 1950те години. Од историска гледна точка сите скапоцени камења биле оценувани со голо око. ГИА системот вклучувал и голем новитет: 10 пати голем коефициент на зголемување како класичен облик за оценување на чистината на каменот. Другите пак сè уште се проценуваат според голото око.
Претставен е нов мнемониски уред таканаречен; „Четири критериуми “ (боја, облик, чистина и карат) кој ќе им помогне на потрошувачите да ги разберат факторите кои се употребуваат за да се оцени еден дијамант. Со изменување, овие категории може да бидат корисни при оцена на сите скапоцени камења. Четирите критериуми имаат различна тежина во зависност од тоа дали се применуваат на обоени скапоцени камења или на безбоен дијамант. За дијамантите, се намалува примарниот фактор за вредност, проследен со јасност и боја.
Дијамантите се створени да блескаат, да ја разложат својата светлина во составните бои на виножитото, исечкани во светлосни мали парченца (светкавци), и доставени до човечкото око (сјај). Но доколку го задржат својот груб кристален облик, дијамантот нема да ги има овие особености, затоа за да постигне ова потребна е посебна техника која е наречена брусење. Камењата кои имаат своја боја, вклучувајќи ги и обоените дијаманти, основни одлучувачи на квалитетот се нивната чистина и убавината на таа боја.
Физичките одлики кои ги прават обоените камења скапоцени се бојата, јасноста на бојата во помала мера (смарагдите секогаш се во помал број) кога се отсекуваат како необични оптички појави како што се појасна боја и астерија (ефект на ѕвезда). Јаснотијата на бојата е нерамна со создавањето на бојата во скапоцениот камен. Грците, на пример многу го вреднуваат ефектот на ѕвездата кој се наоѓа во каменот, кој се сметал како моќна љубовна магија, а Елена Тројанска била позната по носењето на ѕвездениот корунд.
Од историска гледна точка скапоцените камења биле класифицирани во драги и полудраги камења. Таквата дефинираност на овие камења постојано се менува и варира заедно со културата, и отсекогаш била тешка задача да се одлучи што е тоа што скапоцените камења ги прави да бидат скапоцени.
На страна од дијамантот пак, рубинот, сафирот, смарагдот, бисерот (кој не е скапоцен камен) и опалот се смета дека се скапоцени. Аметистот се сметал за скапоцен камен исто така како и во Грција сè до пронаоѓањето на поголема маса во Бразил во XIX век. Дури и во последниов век определени скапоцени камења како што се аквамаринот, оливинот и мачкиното око се популарни и поради тоа се сметаат за скапоцени.
Денес во наше време пазарот не прави таква разлика. Многу скапоцени камења се употребуваат како најскап накит, секако зависно од заштитното име на дизајнерот, модните трендови, понудата на пазарот, обработката итн. И покрај тоа дијамантите, рубините, сафирите и смарагдите сè уште имаат репутација која што ги надминува другите скапоцени камења.
Ретки или пак необични камења во главно се сметаат оние коишто едвај се среќаваат од страна на познавачите вклучувајќи ги андалуситот, аксинитот, каситеритот, клиногумитот и црвениот берил.
Цените на скапоцените камења може многу да се променат (како и оние на танзанитот низ годините) или може да бидат доста стабилни или непроменливи (како оние на дијамантите). Всушност цените на големите скапоцени камења за карат се повисоки отколку на оние помалите, но популарноста на одредена величина на каменот може да делува врз цената. Просечните цени може да се одвиваат од 1 американски долар за карат за нормален аметист до 20.000-50.000 американски долари за трикаратниот колекционерски речиси совршен рубин наречен гулабова црвена крв.
Брусење и полирање
Некои скапоцени камења се корастат како кристали или пак во некоја друг облик зависно од тоа во каква се наоѓаат. Повеќето од нив сепак се брусат и полираат при што се користат како накит. Мала фабрика во Тајланд обработува илјадници карати сафир годишно наречени кабошони (елипсовиден облик) и камења кои се обработуваат со фацета (брусалица) со тоа што полира мали мазни прозорчиња наречени фацети со правилни мерки на прави агли. Камењата кои се непроѕирни како :опалот, тиркизот, варицитот итн, се најчесто брусени во елипсовиден облик. Овие скапоцени камења се дизајнирани така да ја покажат бојата на каменот или својствата на неговата површина како на опалот и на ѕвездениот сафир. Се користат брусни тркала и полирачи за да може да се избруси, обликува и исполира мазниот камен со облик на купола.
Скапоцените камења кои се проиѕирни се нормално брусени, тоа е метода која што ги покажува оптичките особини на скапоцениот камен. Доколку аглите се премногу длабоки или премногу плитки, светлината ќе помине низ него и нема да се рефлектира кон гледачот. Брусалицата се користи за да се држи каменот на рамен круг за брусење и полирање со рамните фацети. Ретко но сепак се користат брусалици кои користат виткани кругови за да брусат и полираат виткани фацети.
Боја
Бојата на било кој материјал се должи на светлината од самата природа. Дневната светлина , која се нарекува и бела светлина, е всушност комбинација на сите бои од спектарот. Кога светлината ќе погоди некој материјал, повеќето зраци од светлината се впива додека пак мало количевство на одредена честота или бранова должина се рефлектира. Делот кој се рефлектира окото го прифаќа како боја. Рубинот изгледа црвен затоа што ги впива комплетно сите бои на дневната светлина (сина и жолта на пример) додека пак ја рефлектира црвената светлина
Истиот материјал може да се појави во повеќе различни бои. На пример рубинот и сафирот го имаат истиот хемиски состав (двата камења се корунд) но имаат различни бои. Може да се случи дури и истиот скапоцен камен да има различни бои : кај сафирот се појавуваат неколку различни нијанси на сина и розова, а елегантниот сафир се експонира со цел круг на бои од жолта до портокалово-розова од неодамна е наречен Padparadscha sapphire. (папрадаша сафир)
Разликата во боите се заснова на атомската структура на каменот. Иако различните камења во суштина имаат ист состав, тие не се сосема еднакви. Секој момент некој атом е заменет со сосема некој друг различен атом (може да биде во неколку, како еден во милион атоми.). Овие таканаречени примеси се доволни за да впијат одредена боја, а да остават другите бои да немаат никаков ефект врз каменот. На пример берилот, кој е безбоен и е во своја чиста минерален облик, станува смарагд со примеса на хром. Доколку додадете манган наместо хром, берилот ќе стане розов морганит. Со железо тој станува аквамарин. Некои обработки на скапоцените камења го користат фактот дека овие примеси може да бидат управувани, со тоа што ќе ја сменат бојата на скапоцениот камен.
Обработка
Скапоцените камења најчесто се обработуваат за да ја сменат бојата и бистрината на каменот. Вредноста на каменот може да зависи од видот и степенот на обработка. Некои обработки доста се користат бидејќи некои камења се цврсти, додека пак другите најчесто и не се употребуваат бидејќи бојата на скапоцениот камен не е цврста и може да се врати во првобитната нијанса.
Топлина
Топлината може да придонесе за бојата и јасноста на скапоцениот камен. Процесот на загревање со векови им е доста познат на обработувачите на скапоцени камења, и за многу видови на камења веќе и загревањето на каменот е веќе вообичаена техника. Повеќето цитрини се направени со загревање на аметистот, а пак со делумно загревање на силен степен се добива Аметрин- камен кој е половина аметист и половина цитрин. Аквамаринот најчесто се загрева за да се отстранат жолтеникавите нијанси и да се смени зелената боја во посакуваната сина или за да се прочисти веќе постоечката сина боја во почиста сина.
Скоро цел танзанит се загрева на пониски температури за да се отстранат кафените тонови и да се добие посакуваната синовиолетова боја. Значителен дел од сите сафири и рубини се обработува со разновидни обработувања на топлина за да се истакнат бојата и јасноста.