Сообраќајот во Хамбург се состои од голема патна мрежа, железнички систем, подземна железница, аеродроми и поморски услуги за повеќе од 1,7 милиони жители на градот Хамбург и 4,3 милиони луѓе во метрополитенската област Хамбург.
Од средниот век, како ханзин град, еден од сообраќајот на Хамбург бил економската трговија со други градови или региони. Во 2008, хамбуршкото пристаниште било второ најголемо пристаниште во Европа. Хамбург е поврзан со четири автопати, додека во Хамбург има и два аеродроми. Сообраќајниот сојуз на Хамбург бил првата организација од ваков вид во светот и во 2008, бил задолжена за управување со јавниот превоз во три германски покраини. Во 2007, повеќе од 618 милиони патници, користеле автобус, подземна железница, фериботи или градски возови.
Историја
Повелбата во 1189 од Фридрих I Барбароса му го доделил на Хамбург статусот на Слободен царски град и ослободен од данок, пристапот на Долна Елба во Северно Море, правото за риболов, за сечење дрва и слободата за војната служба.Verg, p. 16 Повелбата бил дадено усно за поддршката на Хамбург во крстоносните војни на Фридрих и во 1265 со веројатно фалсификувана писмо била презентирана на или од Rath на Хамбург.Verg, p. 26 Во 1241, двата договори помеѓу Хамбург и Либек го одбележа започнувањето на трговската унија Ханза во Северна Европа. И во 1264, Steinstraße бил третата улица со калдрма во Европа, рутата Исток-Запад за трговија.Verg, p. 23
Во 1800, Хамбург имал 1.473 улични светилки и на ридот во Хамбург во Занкт Паули, неколку нови улици добиле христијански имиња, н.п. Davidstraße, Erichstraße или Herbertstraße.Verg, p. 88
thumb|Улицата Großer Burstah во квартот Алштат во 1900
На 31 октомври 1839, првата коњска автобуска линија ја опслужувала линијата од Хамбург до тогашниот дански град Алтона.Höltge, Kochems, p. 9 Во 1894, првиот електричен трамвај во Хамбург ја опслужувал линијата Месберг – Ломбардсбрике – Ландунгсбрикен – Цолканал – Месберг.Verg, p. 143Höltge, Kochems, p. 57 Во 1906, Hamburg Hauptbahnhof била изградена и железничките линии — како што е линијата Rollbahn — биле проширени во центарот а градот и во 1910 била изградена хала за авионски сообраќај со цепелини во Фулсбител. Во 1911, првиот тунел под река во континентална Европа бил завршен,Verg, p. 146 и Benzindroschken (возила кои работат на бензин) биле дозволени на улиците на Хамбург.Verg, p. 149
Во 1912, хамбуршкото пристаниште обезбедило 64 километри сидришта за повеќе од 15.000 пловни објекти, кои пристигнале во Хамбург.Verg, p. 145 Hamburger Hochbahn била основана во 1911 и првите метро линии возеле во кружни линии во 1912.Todt, Hamburger Hochbahn, p. 493
Hamburger Verkehrsverbund било основана на 29 ноември 1965 со четири почетни партнери Hamburger Hochbahn AG, Deutsche Bundesbahn, HADAG Seetouristik und Fährdienst AG и Verkehrsbetriebe Hamburg-Holstein (VHH).Todt, Hamburger Verkehrsverbund p. 248 На 30 септември 1978, по 84 години во употреба, бил повлечен последниот трамвај на линијата бр. 2 од Rathausmarkt до Schnelsen.Höltge, Kochems, p. 186
Инфраструктура
Во 2008, Хамбург имал површина од 755,2 км2, 92% било копно, а 8% водена површина. Површината за сообраќајната инфраструктура била 12% (9.183 хектари). Овие биле неизградливи површини.Statistisches Jahrbuch Hamburg 2008/2009, p. 219
Аеродроми
Отворен во 1911, аеродромот Хамбург се наоѓа во Фулсбител, во северниот дел на градот. Во 2008, аеродромот имал површина од 5,7 км2, и опслужил 152.271 полетувања и слетувања и 12.690.114 патници. 33.107 тони на товар биле транспортирани.Statistisches Jahrbuch Hamburg 2008/2009, p. 151 Аеродромот Хамбург-Финкенвердер е приватен аеродром на Ербас, кој се наоѓа во Финкенвердер, на левиот брег на реката Елба.
Велосипедизам
Во 2008, Хамбург имал повеќе од 1.700 километри велосипедски патеки, но — според ADFC (германски велосипедски клуб) — во уништена состојба, чии поправки ќе го чинат градот 10 милиони евра. Behörde für Stadtentwicklung und Umwelt означил 14 главни велосипедски патеки за да ја подобри секојдневната употреба на велосипедите во Хамбург, и имаше во план започнување проект за изнајмување велосипеди преку станици низ целиот град, како тој во Париз. Проектот StadtRAD Hamburg бил започнат во јули 2009.
Пешаци
thumb|Улицата Colonaden во 2007
Хамбруг има неколку пешачки зони, улици претворени во зони без автомобили. Првата ваква трансформирана улица била во Есен во 1926, како многу западногермански градови и Хамбург претворил неколку улици во центарот на градот во 1970-тите. Улицата Colonaden изградена од приватни инвеститори во 1874 бил реновирана во 1978, таа е една од најстарите пешачки зони во Хамбург. Други зони само во центарот на градот се Deichstraße, Gänsemarkt, Gerhard-Hauptmann-Platz, Gerhofstraße, Gertrudenkirchhof, Gertrudenstraße, Großneumarkt, Kurze Mühren, Lange Mühren, Peterstraße, Rathausmarkt, и Spitalerstraße. Во 2008, Mönckebergstraße е отворена за автобусите на јавниот превоз и таксистите и има 10.620 пешаци секој час. Вкупно во Германија, само 20% од пешачките зони се во станбени области. Хамбург апочнал неколку мали станбени проекти.
Постојат и неколку патеки во Хамбург, н.п. Alsterwanderweg (патека покрај реката Алстер), Elbewanderweg (патека покрај реката Елба) и во Хамбург е дел и од европската пешачка патека Е1. Бидејќи островот Нојверк е дел од Хамбург, туристичките патеки во Националниот парк Хамбуршко Ваденско Море се исто така во сопственост на покраината.
Во 2006, градот Хамбург поставил систем за наведување на пешаците во неговиот центар.
Јавен превоз
Бројки на HVV за 2006 Автобуси и фериботски линии 655 Линии на подземната железница 27 Должина на мрежата 13.142 Возила 3.596 Патник-км (мил.) 5.477 HVV вкупно патници (мил.) 601 Приходи (мил. евра) 504 Оператори на јавниот превоз 35
Јавниот превоз во Хамбург се состои од автобуси, метро и градски возови, општински возови, такси, услуги за постарите граѓани и луѓе со телесна попреченост. Hamburger Verkehrsverbund (HVV) го управува и координира јавниот сообраќај со автобуси, фериботи и возови за Јавните сообраќајни власти — за три покраини: Хамбург, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн и неколку окрузи. 35 работни организации обезбедуваат сообраќајни услуги, а некои од нив и грижа за корисниците.
Автобуси
thumb|Информациона табла за патниците на Rathausmarkt.
Главна компанија за јавните автобуски услуги е Hamburg Hochbahn AG (HHA) со повеќе од 100 линии и 120.000 поминати километри секој ден. Од 2001, HHA користи патнички информациски табли на повеќето автобуски станици за да ги информира патниците.
Автобуските линии за далечни одредишта започнуваат на главната автобуска станица (германски: Zentraler Omnibusbahnhof Hamburg). Во 2007, постоеле повеќе од 450 линии секоја недела со одредишта во 27 европски држави, нпр. Данска, Полска и Русија.
Алтернативен погон на автобусите
Од 2006, Хамбург пуштил во сообраќај шест автобуси со водородно гориво, како дел од обидот за премин кон долгорочна употреба на возилата на горивни ќелии. Во 2011, ќе се пуштат дополнителни возила и ќе се заменуваат со 10 автобуси, кои ќе употребуваат комбинација на електрична енергија и водород.http://green.autoblog.com/2010/07/12/video-hydrogen-powered-buses-in-hamburg-are-fueled-by-the-wind/
Фериботи
HADAG Seetouristik und Fährdienst раководи со фериботите на јавниот превоз, управувајќи со 21 ферибот на 6 линии со должина од 27,6 километри.
Подземна железница и градски возови
Подземната железница е обезбедена од Хамбуршката У-Железница и Хамбуршката С-Железница и неколку линии со градски возови. Во 2006, системот се состоел од мрежа од 881 километар, со 281 станица за регионот. 1.748 возила биле поседуван од девет управувачки компании: AKN Eisenbahn, DB Regio, Eisenbahnen und Verkehrsbetriebe Elbe-Weser (EVB), Hamburg Hochbahn AG (HHA), metronom Eisenbahngesellschaft, nordbahn Eisenbahngesellschaft (NBE), Nord-Ostsee-Bahn (NOB) (дел од Veolia Verkehr GmbH), S-Bahn Hamburg plc и Verkehrsgesellschaft Norderstedt (VGN).
Такси
Јавниот сообраќај со такси службата е регулиран со закон.Taxenordnung Во 2008, според хамбуршката комора за трговија постоеле 2.168 компании со 3.675 возила и повеќе од 10.000 вработени, во 80% сопственик на компаниите е исто така и возач на таксито. Вкупно 20 милиони возења биле направени.
Железница
thumb|Пристанишна железница (Hafenbahn)
Хамбург е опслужуван од далечните и регионалните возови на главната германска железничка компанија Deutsche Bahn AG. Главната железничка станица во градот за долги одредишта е Hamburg Hauptbahnhof. Постојат постојани Интерсити-Експрес линии до Берлин, Франкфурт на Мајна (продолжувајќи до Штутгарт и Минхен) и Бремен (продолжувајќи до Рур и Келн). На север, ICE возовите го поврзуваат Хамбург со Орхус и Копенхаген во Данска и Кил во Шлезвиг-Холштајн.ICE Netz 2008, DB Netz AG, Zentrale, Frankfurt am Main Постојат и неколку Интерсити- и Евросити-патнички возови до определени одредишта.IC Netz 2008, DB Netz AG, Zentrale, Frankfurt am Main Има и бројни Regional-Express и Regionalbahn услуги до Шлезвиг-Холштајн и Долна Саксонија. Главни железнички линии се железничка линија Берлин-Хамбург, Хановер-Хамбург, железничка линија Долна Елба и Ване-Ајкел-Хамбург.
Во 2007, пристанишната железница (германски: Hafenbahn) имала обем на товарниот сообраќај од 39,7 милиони тони, вклучувајќи околу 1.801.600 контејнери со најмалку 1.585.600 влезни и излезни операции. Вкупно, товарот имал обен од повеќе од 45.529 тони во 2008, зголемување за 6,3% споредено со 2007.Statistisches Jahrbuch Hamburg 2008/2009, p. 147
Патишта и улици
thumb|Нивелираниот Bundesautobahn 7 близу излезот Валтерсхоф
До 2012, Хамбург имал 8.877 официјално именувани улици, места и—според (Behörde für Stadtentwicklung und Umwelt)—2.500 мостови. Некои улици се добро познати, како што е Репербан. Хамбург ја има ограничено брзината на 30 км на час во неколку улици.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Хамбург биле регистрирани 569.530 приватни возила (327 возила на 1.000 жители) во 2007. Вкупно се случиле 10.612 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 8.426 со повреди на патниците и 2.186 сообраќајни несреќи со тешки оштетувања на возилата.
Неколку автопати (Autobahnen) и сојузни автопати го поврзуваат Хамбург со други региони или градови. Важниот автопат за европскиот правец север-југ е A 7 — поминувајќи ја реката Елба со тунел — од градовите Кил и Флензбург на север до Хановер на југ. Bundesautobahn 1 го поврзува Либек до Бремен, Минстер и Дортмунд. Bundesstraße 5 води од данската граница на север до Франкфурт на Одра на истокот од Германија. Во 2006, постоеле 80 километри автопати и 120 километри сојузни автопати.
Во ноември 2005, според пописот на сојузното биро за товарен сообраќај (Bundesamt für Güterverkehr), во Хамбург биле регистрирани 926 компании за превоз на стока, со 19.985 возила (камиони, шлепери, камиони со приколки) и товарен капацитет од 188.724 тони и 15.623 вработени.
Список на патишта
thumb|Патишта во Хамбург