Теодор Рузвелт бил 26. претседател на САД (1901-1909 година). Тој се памети по извонредниот идентитет, опсегот на интереси и достигнувања, неговото водство на Прогресивните Движења, себеси се нарекувал „ каубој“, но познат е по својата мажественост. Бил водач на Републиканската Партија, а во 1912 година ја основал Прогресивната партија. Пред да стане претседател, вршел служба на градско, државно и федерално ниво. Неговите достигнувања како природонаучник, истражувач, ловец, автор и војник се дел од неговата популарност како и секоја служба која ја работел како политичар.

Роден е во богато семејство, неговата мајка Мити Булок од Росвел, Џорџија, била наследничка на гувернерот Арчибалд Булок кој ја читал Декларацијата за независност на граѓаните од Џорџија. Како дете боледувал од астма. Дома ја учел историјата на природата. Поради неговата физичка слабост , тој се впушта во напорен живот. Како дете кое дома се образувало, тој станал љубопитен за природата како студент. Тој студирал на Харвард Универзитетот, каде го покажал својот интерес кон морнарството. Неговиот вујко, Џејмс Булок, бил морнарски агент во конфедерацијата во Англија каде останал таму по војната. Понекогаш Теодор Рузвелт се срамел бидејќи неговиот татко не служел во Граѓанската војна. Во 1871 година, на 13 годишна возраст гледа како народот го избрал Твид. Новите водачи во Градското Собрание поднеле обвиненија против многу корумпирани судии на Твид, некои од нив биле осудени, а некои притворени, како и самиот Твид. Во 1881 година, бил избран како најмлад член на Парламентот на Њујорк. Младиот член на законодавното тело, Теодор Рузвелт започнал постапка за отповикување на судијата Вестбрук до Врховниот суд во Њујорк, каде Вестбрук дал оставка со осрамотување, исто како и таткото на Кардозо пред една декада. Потоа Рузвелт станал станал главен на Републиканската партија во државата, но шефовите на партиите го спречиле да стане водач. Неговата книга, Поморската војна од 1812 година (1882 година), го зацврстил неговиот углед како историчар. Во 1884 година, во ист ден починале неговата мајка и сопруга. Тој се откажал од политиката и заминал од Њујорк во Дакота. По неколку години одгледување на добиток, се вратил во Њујорк, каде во 1886 година бил „кандидат-жртва“ за градоначалник на Републиканската партија, каде завршил трет со 60,000 гласови, но подоцна се стекнал со слава во борбата против корупцијата. Шпанско-Америкаската војна избувнала кога Рузвелт ефикасно го водел одделението на морнарицата. Набрзо се откажал и започнал да води полк во Куба познат како Сурови јавачи (Rough Riders), откако испловил од Пенсакола, Флорида, се здобил со номинација за Медал на честа (Medal of Honor), којшто му бил доделен посмртно на 16 јануари 2001 година. По војната се вратил во Њујорк каде бил избран за Гувернер на потесни избори. За две години, бил избран за потпретседател на САД.

Во 1901 година, претседателот Вилијам МекКинли бил убиен, а Рузвелт на 42-годишна возраст станал најмладиот претседател во историјата на САД. Рузвелт се обидел да ја приближи Републиканската партија кон Прогресивизмот, вклучувајќи борба против трустови и зголемено регулирање на бизнисите. Рузвелт ја сковал фразата „Square Deal“ за да ја опише својата домашна агенда, со тоа истакнувајќи дека секој граѓанин ќе добие подеднаква сума со неговата политика. Како комуникативен човек и природонаучник, го поддржувал движењето за одбрана. На светската сцена, политиката на Рузвелт се одликувала со слоганот: „Зборувај полека и носи голем стап“. Рузвелт бил силата која стоела позади свршетокот на дејствијата на Панамскиот Канал, ја испратил морнарицата на патување низ светот за да ја покаже Американската моќ, и преговарал за крај на Руско-Јапонската војна, за што ја добил Нобеловата награда за мир. Рузвелт бил првиот Американец кој добил Нобелова награда.

Рузвелт одбил да се кандидира за повторен избор во 1908 година. Откако си заминал од Белата куќа, заминал на сафари во Африка и на патувања низ Европа. По враќањето во САД, дошло до тежок прекин помеѓу Рузвелт и неговиот заменик претседател, Вилијам Хауард Тафт. Во 1912 година, Рузвелт се обидел да му ја одземе номинацијата на Тафт за Републиканците, а по неуспехот ја основал Bull Moose партијата. На изборите кои доаѓале, Рузвелт станал единствениот кандидат од трета партија, кој го освоил вторто место, победувајќи го Тафт, но изгубил од Вудроу Вилсон. По изборите Рузвелт тргнал на голема експедиција во Јужна Америка, реката по која пловел денес го носи неговото име. На патувањето се заразил од маларија, што му го влошило здравјето, а тој починал неколку години подоцна на 60-годишна возраст. Научниците го сметат Рузвелт за еден од најдобрите претседатели на САД.

Семејство Потекло

Рузвелт за своето потекло вели дека е „пола Ирец и пола Холанѓанец“. Семејството на Рузвелт, колонисти со холандско потекло живееле во Њујорк од средината на 17 век. Рузвелт е роден во значително богата фамилија, до 19 век, фамилијата се збогатила, се здобила со моќ и влијание од профитот од неколку бизниси, меѓу кои и увозот на железарија и стакло. Сè до средината на 1850 години, политичките погледи на неговото семејство биле наклонети кон Демократската партија, а потоа се приклучиле кон новата Републиканска партија. Таткото на Теодор, познат во семејството како „Thee“, бил њујоршки филантроп, трговец и партнер во семејната фирма за увоз на стакло „Рузвелт и синот“. „Татко“ како што му се обраќале децата, бил жесток унионист, виден поддржувач на Абрахам Линколн и на силите на Унијата во текот на Американската граѓанска војна. Неговата мајка Марта „Мити“ Булок била јужњачка убавица од семејство кое поседувало робови во Росвел, Џорџијаи и одржувало симпатии кон Конфедерацијата. Братот на Мити, вујкото на Рузвелт, Џејмс Данвуди Булок, бил офицер во морнарицата на САД, кој станал конфедеративен адмирал и морнарски подводник, и таен агент во Британија. Другиот вујко, Ирвин Булок бил припадник на воено-приморската академија на CSS Alabama, по војната и двајцата останале во Англија. Рузвелт бил далечен роднина со 32-от претседател на САД, Франклин Делано Рузвелт (тие биле петти братучеди), а тој бил вујко на сопругата на Франклин Д. Рузвелт, Еленор Рузвелт.

Детство Теодор Рузвелт е роден на 27 октомври 1858 година, во Њујорк како второ дете на Теодор Рузвелт Сениор (1831-1878 година) и Марта „Мити“ Булок (1835-1884 година). Тој имал постара сестра Ана, и помладиот брат Елиот (таткото на идната Прва Дама Еленор Рузвелт) и сестра му Корин.

Болежлив и асматичен како дете, Рузвелт морал да спие потпрен во кревет или да одмара испружен во столица, и имал чести оброци во поголемиот дел на неговото детство. И покрај неговата болест, тој бил хиперактивен и непослушен. Неговите доживотни интереси за зоологија се појавиле на негови 7-годишна возраст, откако видел мртва фока на локалниот пазар. Откако ја добил главата на фоката, младиот Рузвелт и неговите двајца братучеди го формирале „Природо-научниот музеј на Рузвелт“. Учејќи ги основните работи за препарирањето на животни, тој го наполнил неговиот импровизиран музеј со изложување на животни што тој ги убил или фатил, проучил или подготвил за прикажување. На 9-годишна возраст, го кодифицирал неговото набљудување на инсекти под името „Историја на природата на инсектите“..

Со поддршката од својот татко, Рузвелт започнал да вежба и да боксува за да ја зацврсти неговата слаба физичка кондиција. Две патувања во странство имале траен впечаток, семејните патувања низ Европа, и во Египет, во 1872 и 1873 година. Теодор Постариот имал огромно влијание врз неговиот син, за што Рузвелт напишал: „Мојот татко, Теодор Рузвелт, е најдобариот човек што го знам. Тој ги мешше силата и смелоста со кроткост, добродушност и огромна несебичност. Тој кај нас децата, не би толерирал себичност или суровост, безделништво, кукавичлук или неискреност.

Образование Како дете го нарекувале Теди, повеќето време го подучувале дома тутори и неговите родители. Еден истакнт биограф рекол: „Најочигледната незгода во домашното школување на Рузвелт било нееднаквото покривање на различни области од човековото познавање“. Имал одлично познавање од географија (благодарение на неговите внимателни набљудувања на сите патувања) и добро ја познавал историјата, премногу знаел биологија, зборувал француски и германски јазик, но бил неуспешен во математика, латински и грчки јазик.

Во 1876 година се запишува на Универзитетот Харвард. Во 1878 година, смртта на неговиот татко претставувало огромен удар, но Рузвелт ги удвоил активностите. Се усовршил во науката, филозофијата и реториката, но слабо напредувал со латинскиот и грчкиот јазик. Тој ја проучивал биологијата со значителен интерес и станал речиси природонаучник и орнитолог. Тој имал фотографска меморија, со што развил доживотна навика да ги консумира книгите, запаметувајќи го секој детаљ. Тој бил елоквентен раскажувач, кој во текот на животот се дружел со најпаметните луѓе. Тој можел да извршува повеќе задачи одеднаш на извонреден начин, да диктира писмо на секретарка и меморнадум на друга, додека ја разгледувал новата книга. Додека студирал на Харвард, активно се занимавал со веслање и бокс, бил активен член во книжевното здружение Алфа Делта Фи, во братството Делата Капа Епсилон и бил член на клубот Порцелиан. Тој бил уредник и на студентско списание. На првенството во бокс на Харвард го освоил второто место.

По дипломирањето, тој направил физичко испитување, а докторот му препорачал поради тоа што имал сериозни срцеви проблеми да најде друга работа и да избегнува напорни активности. Но, тој избрал да води бурен живот. Во 1880 година, дипломирал на Фи Делата Капа (22 од 177) при Харвард со големи почести (A.B. magna cum laude) и се запишал на правниот факултет во Колумбија. Кога му се пружила шанса да се кандидира за член на Собранието во Њујорк, тој се откажал од правниот факултет за да ја оствари неговата цел и да влезе во јавниот живот.

Прв брак Во 1880 година, Рузвелт се оженил со Алис Хатавеј Ли (29 јули 1861 – 14 февруари 1884 година) од Честнут Хил, Масачусетс. Таа починала млада од недијагностицирана болест на бубрезите, по два дена откако се родила нивната ќерка Алис. Нејзината бременост ја прикрвала болеста. Мајката на Рузвелт, Мити починала од стомачен тифус на истиот ден, во 3 часот наутро, околу 11 часа порано во истата куќа. По речиси истовремената смрт на неговата мајка и сопруга, Рузвелт ја оставил својата ќерка кај сестра му Ана во Њујорк. Во неговиот дневник напишал едно огромно X на страницата и „ Светлината излезе од мојот живот“.

До крајот на неговиот живот , Рузвелт никогаш не зборувал за неговата сопруга Алис ниту во јавноста ниту во приватниот живот, и не пишувал за неа во неговата автобиографија. Во 1919 година, кога Рузвелт работел со бискупот Џосеф Баклин на биографија, која вклучувала колекција од неговите писма, тој не го споменал ниту првиот ниту вториот брак во Лондон.

Рана политичка кариера