Владимир Плавевски (, — , ) — македонски писателМакедонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 203 - 204. и аматерски фотограф.
Животопис Плавевски е роден на 11 декември 1948 година во [Скопје]. Со аматерска фотографија почнал да се занимава од својата рана младешка возраст, а со интензивно излагање фотографии на бројни групни изложби дејствува во периодот 1973 до 1990 година. Во седумдесеттите години бил член, а потоа и претседател на Фото клубот "Вардар" од Скопје (1978 - 1990) како и претседател на Фото сојузот на Македонија (1982 - 1986). Член е на ДЛУПУМ од 1983 година и бил предавач по предметот "Фотографија" на Факултетот за Драмска уметност во 1993/94 година. Учествувал на голем број групни изложби во земјата и во странство и е добитник на поголем број награди и признанија. Плавевски по професија е доктор. спец. оториноларинголог, Примариус. Автор е на повеќе драмски текстови, сценарија за телевизиски серии, ТВ филмови и радио драми. Од 2000 година е член и на ДПМ.
Библиографија Во врска со фотографијата објавил две книги: „Папарацо - феномен на денешнината“ (Алфа 94, Скопје 1997.) и „Фотографија“ (Алфа 94, Скопје 1998.) Објавил и пет книги со раскази: „Играч на Фанта“ (1997), „Амкање“ (2001), „Ловец на самовили" (2004); „Поплава“ (2006); „Вистински приказни“ (Македоника литера, Скопје, 2011) Романи: „Цена од Ново Маало“ (2009) „Последниот сплавар на Вардар“ (2010) со второ издание „Сплаварот“ (2012) преведено на полски и на бугарски; „Јадица“ (2013) „Комита“ (2015) „Земјотрес, 5:17“ (2017) „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ (2018) „Вампирџија“ (2019) „Боксерот од Ново Маало“ (2020) „Туѓо тело“ (2020) „Бај Којо“ (2021)
Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“. Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на тв филмот „Мултиплеј“ (2008). За Македонското радио му се снимени девет радиодрами. Неговите драмски текстови „Пипа ритам“ (1986), „Балерината“ (1994), „Кралот Хамлет“ (1995) и „Каста Дива“ (1997), детскиот драмски текст „Трагачи по виножитото“ (1988) и „Министерот и јас“ (2002) се поставени на сцената на Турскиот театар во Скопје; „Раскол“ во Народниот театар во Куманово (1998); а „Операција Лир“ во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица (2002).
Награди 2013 - Награда Роман на годината за книгата „Јадица“ 2020 - Награда „Стале Попов“ за книгата „Боксерот од Ново маало“
Наводи
Надворешни врски Плавевски на IMDb
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски фотографи Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Членови на ДФРМ Категорија:Членови на ДЛУПУМ Категорија:Професори на Факултетот за Драмски уметности Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“