Во научна класификација на живите организми, потколено (науч. subphylum) е таксономски ранг што се употребува во зоолошка номенклатура. Во таксономската хиерархија, потколеното е под коленото, а над наткласата.
Кај габите и растенијата се користи еквивалентниот таксономски ранг „пододдел“.
Примери Не сите колена на животни се делат на потколена. Потколена имаат само следниве:
членконоги (Arthropoda): се дели на потколената трилобитни, клештари, многуноги, шестноги и ракови, раменоноги (Brachiopoda): се дели на потколената јазичестовидни, черепни и нечерепни зглобни, хордови (Chordata): се дели на потколената плаштари, бесчерепни и најголемото потколено - ’рбетници.
Категорија:Научна класификација Категорија:Биолошки поими