Вандсбек е втор најголем од сите седум окрузи, кои го сочинуваат градот Хамбург, Германија. Името на округот доаѓа од реката Вандзе, која поминува тука. Квартот Вандсбек, кој е поранешен слободен град, е урбан и заедно со квартовите Ајлбек и Маринтал е дел од градското економско и културно јадро.

Историја

Во текот на Втората светска војна од 2 мај 1944 до 3 мај 1945 се наоѓал подкамп на нацистичкиот концентрационен логор Нојенгаме во Вандсбек, запишан како бр. 565 Хамбург-Вандсбек во службениот германски список.Службен германски список на концентрациони логори Verzeichnis der Konzentrationslager und ihrer Außenkommandos gemäß § 42 Abs. 2 BEG

На 1 јануари 2007, Ortsämter (месни заедници) биле распуштени и организацијата на сите окрузи во Хамбург била реорганизирана. Во округот Вандсбек, во поранешната месна заедница припаѓале квартовите Ајлбек, Јенфелд, Маринтал, Тондорф, Вандсбек и Ралштет. Квартовите Хумелсбител, Попенбител, Зезел и Велингсбител припаѓале на Алстертал. Месната заедница Брамфелд се состоела од Брамфелд и Штајлсхоп. Во Ралштет бил квартот Ралштет. И месната заедница Валдерфер биле Бергштет, Дуфенштет, Фармзен-Берне, Лемзал-Мелингштет, Фолксдорф и Волдорф-Олштет.Verwaltungsreform (административна реформа)

Географија

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, округот Вандсбек имал вкупна површина од 147,5 км2. На север и на исток се граничи со покраината Шлезвиг-Холштајн, на југ е округот Хамбург-Мите и на запад главно е Хамбург-Норд. Само три квартови од квартовите: Ајлбек, Вандсбек и Маринтал во срцето на округот се урбани. Најсеверните делови на Волдорф-Олштет, Фолксдорф, Дуфенштет се сè уште прилично рурални, каде што може да се најдат понови објекти и фарми.

Административни единици

Како сите окрузи во Хамбург, Вандсбек е поделен на неколку квартови. Тие се:

Бергштет Брамфелд Дуфенштет Ајлбек Фармзен-Берне Хумелсбител Јенфелд Лемзал-Мелингштет Маринтал

Попенбител Ралштет Зазел Штајлсхоп Тондорф Фолксдорф Вандсбек Велингсбител Волдорф-Олштет

Демографија

Во 2006, во округот Вандсбек живееле 409.771 жител. Густината на населеност била 2.777 жители на км2. 16,5% биле деца под 18 години и 22% имале 65 или повеќе години. 10,1% биле странци. 18.452 лица биле регистрирани како невработени.Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006) Во 1999, имало 200.560 домаќинства од кои 21,2% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 41,6% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,02.Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)

Во 2006 се случиле 37.957 кривични дела во округот (93 дела на 1.000 жители).Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Политика

Вандсбек е еден од окрузите на Хамбург.

Окружно собрание

Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Hamburgische Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 57 претставници.

Избори

Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Петте партии, кои имале повеќе од 5 проценти во неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната CDU, социјалдемократската SPD, еколошката Зелена партија (GAL), левата Die Linke и либералната FDP. Излезноста на гласачите била 63,6%.Конечни избори резултати, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)

Партија Процент Места CDU 43,5 25 SPD 30,8 18 GAL 11,5 7 Die Linke 6,0 3 FDP 6,2 4

Инфраструктура

Постојат 61 основно училишта и 46 средни училишта во округот Вандсбек и 695 доктори во приватни ординации и 91 аптека.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Вандсбек биле регистрирани 171.334 приватни возила (421 возило на 1000 луѓе).Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Точки на интерес

Ботаничка градина Вандсбек, општинска ботаничка градина

Поврзано

Зебек Џонатан Ојбешуц

Наводи

Надворешни врски

Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница

Категорија:Окрузи во Хамбург Категорија:Концентрационен логор Нојенгаме