Финалето на ФА Купот во 2004 година било 123-то по ред финале на ФА Купот и четврто во историјата играно на Милениум Стадионот, велшкиот националниот стадион во Кардиф, поради тековните реконструкции на вообичаениот терен, Вембли во Лондон. Натпреварот се одиграл на 22 мај 2004 година, а учесници биле Манчестер Јунајтед, кој заврши на третото место во Премиер лигата таа сезона, и Милвол, кој завршил десетти во Дивизија еден.

Манчестер Јунајтед ја обезбеди рекордната единаесетта ФА Куп титула со победа од 3-0. Резултатот го откри Кристијано Роналдо со удар со глава, а потоа Руд Ван Нистелрој постигна два гола од кој еден од пенал. Спротивно на тоа, тоа беше прв настап за Милвол во финалето на ФА Купот или Лига купот.

На трофеј презентацијата потоа, играчите на Манчестер Јунајтед носеа маици со ознака "Дејвис 36" во сеќавање на играч од средниот ред Џими Дејвис, кој го носеше дресот на Јунајтед со број 36, а загина во сообраќајна несреќа во август 2003.

Натпреварот беше воден од судијата Џеф Винтер. Роџер Грин и Ист беа асистенти и Мет Месиас беше четвртиот официјален судија.

Детаљи од мечот

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД: GK 14 Тим Хауард RB 2 Гери НевилCB 6 Вес БраунCB 27 Микаел СилвестреLB 22 Џон О'ШеиRM 7 Кристијано Роналдо CM 24 Дарен Флечер CM 16 Рој Кин (c)LM 11 Рајан ГигсSS 18 Пол СколсCF 10 Руд Ван НистелројРезерви:GK 13 Рој Керол DF 3 Фил НевилMF 8 Ники Бат MF 19 Ерик Џемба ЏембаFW 20 Оле Гунар Солшер Менаџер: Алекс ФергусонМИЛВОЛ: GK 33 Енди МаршалRB 25 Марвин ЕлиотCB 2 Метју Лоренс (к)CB 12 Дарен ВордLB 3 Роби Рајан RM 7 Пол АјфилCM 19 Денис Вајс CM 8 Дејвид ЛиверморLM 26 Питер СвиниSS 4 Тим КејхилCF 9 Нил Херис Резерви:GK 13 Вили ГереDF 27 Алан ДанMF 37 Бери Коуган MF 11 Картис Вестон FW 23 Марк МекКамон Играч-Менаџер: Денис Вајс Судии на мечот Асистенти судии: Роџер Ист Тони Грин Четврти судија: Мет Месиас Правила на мечот 90 минути. 30 минути продолжение ако е потребно. Изведување на пенали ако се заврши нерешено. Пет повикани резерви Три максимум замени.

Категорија:Фудбалот во Обединетото Кралство