right|250px|thumb|Трговци со деривати во Чикашката трговска палата Финансиски дериват (англиски: financial derivative) — финансиски инструмент чија вредност е изведена од вредноста на некој друг финансиски инструмент. Имено, неопходно е да постои некој друг инструмент или договор (акција, обврзница, заем итн.) врз кој ќе се формира и заснова деривативниот инструмент, како дополнителен договор на основниот.Сашо Арсов, Финансиски менаџмент, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 265. Исто така, дериватот може да се дефинира како „приватен договор кој е изведен од вредноста на некое темелно средство, референтна каматна стапка или индекс, како: акција, обврзница, девизи или стоки.“ Основната одлика на дериватот е тоа што овозможува раздвојување на сопственоста над средствата од пазарниот ризик.Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 8-9. Првиот финансиски дериват се појавил на 16 мај 1972 година на Чикашката стокова берза (Chicago Mercantile Exchange).Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 11.

Одлики и тргување Финансиските деривати го добиле своето име оттаму што нивната вредност е изведена од вредноста на некои други финансиски инструменти или договори, коишто се нарекуваат темелни (underlying) инструменти. Така, како основа на финансиските деривати може да послужат: акциите, обврзниците, девизите, инструментите на пазарот на пари или берзанските индекси. Притоа, номиналната вредност на финансиските инструменти што се предмет на договорот се нарекува договорна вредност (notional amount) на дериватите.Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 413.

Финансиските деривати се релативно нова појава во финансиите. Организираното тргување со финансиските фјучерси и опции датира од првата половина на 1970-тите, додека каматните свопови се појавиле во почетокот на 1980-тите. Меѓутоа, во кус временски период, пазарите на финансиски деривати доживеале експлозивен пораст, т.е. од година на година, договорната вредност на дериватите и вредноста на остварениот промет бележат нагорна линија, а истовремено, пазарот постојано се збогатува со нови, посложени финансиски инструменти.

Брзиот растеж на финансиските деривати се должи на три основни фактори:Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 13. зголемената нестабилност на глобалната економија (пропаста на Бретонвудскиот систем во 1970-тите, кризата на пазарот на обврзници во 1980-ти итн.) технолошките промени, во прв ред, равојот на комуникациската технологија и напредокот во финансиската теорија политичките настани - дерегулацијата и либерализацијата на пазарите.

Во 1998 година, Банката за меѓународни порамнувања почнала да собира податоци за прометот на пазарите на финансиски деривати. Во 1988 година, вкупната номинална вредност на финансиските деривати изнесувала 2 634 милијарди долари, од кои 1 330 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на пазарите преку шалтер, додека 1 304 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на берзите. За само десет години, овие износи вртоглаво се зголемиле. Така, во 1998 година, вкупната номинална вредност на финансиските деривати изнесувала 94 254 милијарди долари, од кои, 80 318 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на пазарите преку шалтер, додека 13 936 милијарди отпаѓале на дериватите со кои се тргува на берзите.Shelagh Heffernan, Modern Banking, Chichester, England: John Wiley & Sons, UK, 2005, стр. 43. Тој тренд продолжил и во XXI век: Во 2006 година, вредноста на финансиските деривати изнесувала 485.703 милијарди долари. Најголем дел од вредноста на дериватите отпаѓа на шалтерските пазари - 415 182 милијарди долари, или 85% од вкупната вредност, додека вредноста на дериватите со кои се тргува на берзите е многу помала - 70 521 милијарди долари.OTC derivatives market activity in the second half of 2006, Bank for International Settlements, Monetary and Economic Department, Basel, May 2007, стр. 9. Во декември 2013 година, номиналната вредност на дериватите со кои се тргува на шалтерските пазари достигнала дури 710 100 милијарди долари, додека вредноста на дериватите со кои тргува на берзите изнесувала 64 600 милијарди долари. Меѓутоа, кога се толкуваат овие износи, треба да се води сметка дека номиналната вредности на финансиските деривати не е еднаква на вредноста на самите деривати, т.е. вредноста на самиот дериват е далеку помала од номиналната вредност на финансиските инструменти на кои гласи дериватот. Оттука, според проценките на Банката за меѓународни порамнувања, во декември 2013 година, бруто-пазарната вредност на сите договори за финансиски деривати на шалтерските пазари изнесувала 18 700 милијарди долари.John C. Hull, Risk Management and Financial Institutions (Fourth Edition). John Wiley and Sons, Hoboken, New Jersey, 2015, стр. 87-88.

Финансиските деривати се сложени финансиски инструменти и нивното непознавање може да предизвика големи загуби за оние кои тргуваат со нив. На пример, во периодот од 1987 до 1995 година, вкупните јавно објавени загуби од работата со дериватите изнесувале 16,7 милијарди долари. Поважни случки на големи загуби кои се поврзани со тргувањето и онвестирањето во деривати се:Philippe Jorion, Value at Risk: The New Benchmark for Controlling Market Risk. New York et al.: McGraw-Hill, 1997, стр. 25. загубата на „Showa Shell Sekiyu“ во износ од 1,58 милијарди долари поврзана со валутните договори со идна испорака загубата на „Kashima Oil“ во износ од 1,45 милијарди долари поради валутните договори со идна испорака загубата на „Metallgesellschaft“ во износ од 1,34 милијарди долари поради нафтените фјучерси загубата на „Barings“ во износ од 1,33 милијарди долари поради фјучерсите на индексите на акции загубата на „Codelco“ во износ од 200 милиони долари поради фјучерсите на бакар загубата на „Проктер и гембл“ во износ од 157 милиони долари поради диференцијалните свопови

Видови финансиски деривати Денес, клучните финансиските деривати на финансискиот пазар се договорите за идна испорака, фјучерсите, опциите и своповите. Исто така, постојат и бројни варијанти, како што се варантите и правата на акција, како вид на опција.

Од гледна точка на основниот инструмент од кој се изведени, финансиските деривати може да се поделат на неколку видови: валутни деривати, деривати на акции, деривати на каматни стапки, стокови деривати итн. Притоа, најголемо значење имаат договорите на каматните стапки. Така, во 2006 година, овие деривати учествувале 90% во вредноста на дериватите со кои се тргува на берзите. Имено, од вкупната вредност на финансиските деривати со кои се тргува на берзите, вредноста на договорите на каматните стапки изнесувала 62.652 милијарди долари, споредено со договорите на акции (7.612 милијарди) и валутните деривати (257 милијарди). Исто така, дериватите на каматните стапки доминираат и во трговијата со финансиски деривати со кои се тргува на шалтерските пазари каде нивното учество изнесува 70%. Така, во 2006 година, вредноста на договорите на каматните стапки со кои се тргува на шалтерските пазари изнесувала дури 291.987 милијарди долари, споредно со валутните деривати (40.179 милијарди), договорите поврзани со акции (7.485 милијарди), стоковните деривати (6 938 милијарди) и другите договори (68.593 милијарди).Горан Петревски, Управување со банките, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 415.

Договор за идна испорака Договор за идна испорака (forward contract) е договор со кој две страни, купувач и продавач, се договараат да извршат купопродажба на некое добро (хартија од вредност или некој друг берзански производ - нафта, жито, метали и сл.) на одреден датум во иднина, по однапред договорена цена. Со тоа, и купувачот и продавачот однапред ја осигуруваат цената по која можат да го купат, односно да го продадат доброто што е предмет на договорот и така го избегнуваат ризикот од неповолни промени во нивото на цените во периодот што следува до моментот на реализација на договорот. Кај договорите за идна испорака, сите елементи самостојно ги договараат учесниците во трансакцијата. Тоа дава однапред флексибилност, но истовремено, во голема мера ја отежнува натамошната трговија со овој договор, кој е специфициран за потребите на учесниците, поради што ваквите договори и не се предмет на трговија на берзите.Сашо Арсов, Финансиски менаџмент, Скопје: Економски факултет, 2008, стр. 265-266. Постојат повеќе видови финансиски договори за идна испорака, како: каматни договори за идна испорака, девизни договори за идна испорака итн.

Каматните договори за идна испорака им овозможуваат на институциите да го намалат каматниот ризик. Овие договори вклучуваат повеќе елементи: определување на должничкиот инструмент кој ќе биде предмет на испорака на некој иден датум; износот на должничкиот инструмент што треба да биде испорачан; цената (каматната стапка) на инструментот кога ќе биде испорачан, и датумот кога испораката треба да се одигра.

На пример: една банка се согласува по една година да му продаде на клиентот државни обврзници со номинална вредност од 10 милиони долари, кои стасуваат во 2013 година, со купонска стапка од 6%, по цена која носи принос еднаков на денешната каматна стапка, од на пример, 6%. Со оглед на тоа што клиентот ќе ги купи обврзниците на некој иден датум, за него се вели дека зазема долга позиција, додека за банката која ќе ги продаде обврзниците се вели дека зазема кратка позиција.Михаил Петковски, Финансиски пазари и институции - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2009, стр. 252-253.

Банката - продавач на обврзниците има мотив да се заштити од каматниот ризик, во случај ако сака да ги продаде обврзниците пред да тие да достасаат. Банката денес поседува обврзници во вредност од 10 милиони долари, кои достасуваат во 2013 година, но ако каматните стапки пораснат, таа може да доживее капитална загуба, доколку треба да ги продаде. Со помош на договорот за идна испорака, таа ја фиксира идната цена и така го елиминира ценовниот ризик кој би можел да произлезе од промените на каматните стапки. Од друга страна, клиентот има намера да оствари прилив на средства во износ од 10 милиони долари, кои би сакал да ги вложи во државни обврзници со купонска стапка од 6%. Но, тој се плаши дека каматните стапки на овие обврзници можат да опаднат до следната година. Со договорот за идна испорака, тој успева да ја фиксира каматната стапка на државните обврзници.

Предноста на договорите за идна испорака се состои во тоа што тие се флексибилни и можат да бидат скроени според потребите на двете страни. Но, овие договори содржат и два недостатока, кои сериозно ја ограничуваат нивната употреба. Првиот недостаток се состои во тоа што може да биде тешко да се најде партнер кој би прифатил договор за идна испорака. Дури и ако партнерот постои, а со оглед на тоа што тој ќе биде единствена заинтересирана страна, другата договорна страна може нема да добие задоволителна цена. Според ова, пазарот на договори за идна испорака се одликува со недоволна ликвидност. Вториот проблем со овие договори е дека тие се подложни на ризикот од неплаќање, зашто едната страна во меѓувреме може да банкротира и нема да биде во состојба да ги исполни обврските од договорот. Со тоа, другата страна би морала да ги бара своите права на суд, што е долг и скап процес. Фактот дека едната страна на договорот се соочува со ризикот од неплаќање, значи дека страните во договорот мораат да се ангажираат во испитувањето на финансиската состојба на партнерите. Тоа подразбира дополнителни трошоци и појава на проблемите на погрешна селекција и морален ризик.Михаил Петковски, Финансиски пазари и институции - второ издание, Скопје: Економски факултет, 2009, стр. 253-254.

Фјучерси