Чадорест бор(науч. Sciadopitys verticillata) или којамаки (јап. ) — карактеристичен четинар кој е ендемски во Јапонија. Ова е единствен член на фамилијата Чадорести борови (Sciadopityaceae) и родот Sciadopitys и претставува жив фосил кој нема блискосродни дрва и растенија. Познат е од фосилните наоди од пред 230 милиони години.
лево|мини|Листовите на чадорестиот бор Името на родот доаѓа од старогрчкката претставка скијадо- = „сенка“ и питис = „бор“; видовиот епитет значи „овенчен“.
Ова зимзелено дрво расте до висина од 15-27 м. Главните гранки се кафеави, а на нив има венчиња од долгнавести игли (кладоди) со големина од 7–12 см. Иако изгледаат и играат улога на листови, кладодите се всушност составени од стеблено ткиво. Понекогаш кладодата се двои на два дела, и во чаталот расте пупка. Шишарките се 6–11 см во должина, созреваат за 18 месеци и имаат сплеснати лушпи што се отвораат и испуштаат семиња.
И покрај бавниот раст и високата цена, чадорестиот бор е мошне популарно украсно дрво во градинарството поради неговиот пријатен изглед.
Занимливости
Во Европа дрвото прв го донел шкотскиот ботаничар Џон Гулд Вејч во 1860.
Наодите од анализите со инфрацрвена спектроскопија укажуваат на тоа дека балтичкиот килибар доаѓа од чадорестите борови, а не од дрва од фамилиите Араукариите и Боровите, како што се сметало порано.Wolfe AP, Tappert R, Muehlenbachs K, Boudreau M, McKellar RC, Basinger JF, Garrett A. (2009). A new proposal concerning the botanical origin of Baltic amber. Proc Biol Sci. 276(1672):3403-12. PMID 19570786
Наводи
Надворешни врски
Чадорест бор - База на голосеменици Одлики на чадорестиот бор
Категорија:Боровидни Категорија:Флора на Јапонија Категорија:Живи фосили Категорија:Украсни дрва Категорија:Дрва на Јапонија Категорија:Растенија опишани во 1784 година