мини|Пример за две кредитни картички Платежна картичка (англиски: payment card) е средство за плаќање, издадено од банкарска или друга финансиска институција, кое содржи електронски податоци за лица и електронски создадени броеви со кои се овозможува вршење финансиски трансакции. Платежните картички претставуваат електронски средства за плаќање, кои содржат информации за паричните средства на имателот на картичката, или пак, се поврзани со компјутерскиот центар во банката. Платежните картички се најраспространетата форма на електронско банкарство. Банките се најголеми издавачи на платежни картички, иако нив ги издаваат и самостојни оператори, како и голем број нефинансиски трговски друштва.

Историја Поимот платежна картичка за првпат бил употребен во 1887 година во футуристичкиот роман на американскиот писател Едвард Белами, кој прогнозирал дека во 2000 година, помеѓу останатите благодети на идниот свет, ќе постои и картичка која ќе служи за безготовинско плаќање.Shelagh Heffernan, Modern Banking, Cass Business School, City University of London, 2004. Првите платежни картички се појавиле во САД во 1894 година. Нив ги воведел хотелот „Credit Letter Company“, а подоцна ги воведеле и некои други компании. Веќе во 1920-тите години, кога одделни хотели и нафтени компании почнале да им издаваат картички на нивните клиенти. Сепак, овие картички биле од затворен тип, односно можеле да се користат само во продажните т.е. услужните компании кои ги издале.

Подоцна, во 1950 година, американскиот стопанственик Франк Макнамара (Frank X. McNamara), директор на компанијата „Hamilton Credit Corporation“. Идејата за ваква фирма се наметнала во 1949 година, кога Макнамара по завршувањето на вечерата со пријателите во еден ресторан не можел да ја плати сметката, бидејќи паричникот го заборавил дома. За да го реши проблемот, тој ја создал картичката „Дајнерс“ и една година подоцна се вратил во истиот ресторан во Њујорк, каде извршил плаќање со неа. Макнамара со двајца свои пријатели ја основал фирмата „Дајнерс клуб“ (Diners Club), која во 1950 година ја издала првата универзална платежна картичка, изработена од картон.www.denar.mk (пристапено на 15.6.2016) Потоа компанијата на Макнамара убедила и други ресторани да ја прифатат картичката, која станала толку популарна што во 1951 година во неа биле вклучени веќе 20.000 компании. Фирмите – кооперанти ширум светот плаќале провизија за услугите на „Дајнерс Клуб“ во износ од 7% од вкупниот износ на трансакцијата, а на корисниците на картичките им наплаќала по три долари годишно.

Во 1958 година се појавиле две нови компании – „Американ Експрес“ (American Express) и „Bank Americard“, кои почнале да издаваат картички. Првиот банкарски систем го иницирала „Банка на Америка“ (Bank of America) во 1959 година. Во 1976 година, картичката „BankAmericard“ го сменила своето име во „Виза“, а здружението во „Visa International“, додека во 1979 година „ICA“ го сменила името во „MasterCard International“.www.mastercard.com (пристапено на 15.6.2016) Во 1974 година, во Франција биле измислени т.н. „паметни картички“ (smart cards) од страна на Роланд Морено. Бројот на платежните картички со текот на времето сè повеќе се проширувал со развојот на електронското банкарство и електронските системи кои го овозможиле електронскиот трансфер на парите и развојот на електронските картички.B. Krstić, Bankarstvo, Prosveta, Niš, 1996.

Технологија на плаќањето со картички Денес се користат голем број електронски картички. Според локацијата и примената, картичките се делат на: национални и интернационални. Според технологијата на изработката и функционирањето, тие се делат на: магнетни, интелигентни и ласерски, односно оптички картички. Магнетните се пластични со магнетна лента (обично една, а може и повеќе) со три “патеки“ на кои се врши запишувањето на податоците. Ласерската или оптичка картичка ја применува техниката на оптичко меморирање, а измислена е од корпорацијата „Дрекслер“ (Drexler) од САД. Нивниот капацитет е од 2,66 до 6,6 MB, така што еднаш запишаните картички не можат да се менуваат.M. Ćirović, Bankarski menadžment, Beograd, 1995.

Одлики на платежните картички Платежната картичка е пластична картичка опремена со магнетна лента или чип на којашто се забележани значајни податоци за нејзиниот корисник, а ја издава банката и со неа можат да се плаќаат стоки и услуги, но и да се подигнуваат готови пари. Платежните картички се изработени од пластика (половинил хлорид или половинил хлорид ацетат) со специфицирани стандардни димензии, кои се специфицирани со ISO/IEC 7810 ID-1 стандард, и изнесуваат 85,60 × 53,98 милиметри и со дебелина од 0,8 милиметри. Секоја картичка е нумерирана со број утврден според ISO/IEC 7812 стандардот за нумерирање. На предната страна на платежната картичка се наоѓа името на банката или друг издавач на картичката, името на сопственикот на картичката, датата до која е важечка картичката, како и логото со коешто картичката е брендирана. На предната страна на „паметните“ картичките исто така се наоѓа EMV (Europay, Mastercard и Visa) чип, којшто е глобално стандардизиран чип за картички според ISO/IEC 7816 стандардот. На задната страна на платежната картичка се наоѓа магнетна лента, место за потпис на сопственикот на картичката, како и безбедносна шифра на картичката, кој најчесто се користи за верификација на картичката при плаќање на интернет и обезбедува дополнителна заштита. Шифрата е трицифрена и уште се нарекува: „card security code“ (CSC), „card verification data“ (CVD), „card verification valu“e (CVV или CVV2), „card verification value code“ (CVVC).N. Krishna Veni, Introduction to E-commerce, E-Business & E-Banking, Cherran's Arts Science College.

Платни картички со магнетна лента Во почетокот на 1970-тите, трансакциите со кредитни картички биле повеќе физички отколку дигитални. Трансакциите се извршувале на тој начин што податоците се снимале со помош на мала печатарска преса која ги впишувала издигнатите букви и бројки од картичката на осетлива хартија во два примерока. Еден од примероците се испраќал до центарот за обработка на податоците, каде што службеникот ги внесувал сметката и податоците од продажбата во компјутерскиот систем. Првиот човек кој вметнал магнетни медиуми во пластична картичка за складирање на податоци бил инженерот Форест Пери, вработен во „ИБМ“ (IBM). Тоа се случило во раните 1960-ти, кога Форест сакал да комбинира магнетна лента со пластична картичка за потребите на ЦИА (CIA). Притоа, неговата сопруга му предложила да користи железо за да ја стопи и вметне лентата. Картичките со магнетна лента биле многу погодни за употреба, бидејќи нивните корисници можеле да ги носат во својот паричник, а се користеле со едноставно провлекување на магнетната лента низ уредот за нивно прифаќање. Магнетната картичка, комбинирана со уредите за нејзино прифаќање, мрежните системи и компјутерите за обработување на податоците, била катализатор во ширењето на индустријата за кредитни картички.

Картичките со магнетна лента мора да бидат во согласност со стандардот ISO 7811, кој ги дефинира физичките одлики (локација, големина, содржина) на секоја од трите ленти (ISO1, ISO2 и ISO3) кои се составен дел на магнетната лента. Овие три ленти ги содржат следниве податоци: бројот на картичката, рокот на важност на картичката, како и различни индикатори кои му овозможуваат на издавачот на картичката да ги верификува картичката и ПИН-от (Personal Identification Number, PIN).Observatory for Payment Card Security, 2010 Annual Report. Притоа, на првата лента може да се впишат максимум 79 карактери, со густина на податоците од 10 bpi (8,3 bit/mm), втората лента има капацитет од максимум 40 карактери, со густина на податоците од 75 bpi (3 bit/mm), додека третата лента има капацитет од максимум 107 карактери, со густина на податоците од 210 bpi (8,3 bit/mm). Mагнетната лента има капацитетот на складирање на податоци од 1 000 бајти, што е доволно за складирање на податоците. Дополнителни податоци можат да бидат впишани во лентата број 3, како што се, на пример, податоците за последните трансакции со картичката.Wolfgang Rang and Wolfgang Effing, Smart Card Handbook (third edition), стр. 16-17. Главниот недостаток на картичките со магнетна лента е што податоците снимени на магнетната лента лесно можат да бидат пробиени со користење на стандардни уреди за читање и впишување на податоци, при што е многу тешко да се докаже дека податоците биле менувани.

Платни картички со ЧИП технологија Чип-картичка, позната како картичка со интегрално коло или „паметна“ картичка (smart card), е картичка во која е вграден чип кој има капацитет да пренесува, чува и обработува податоци. Патентите за автоматизирани чип-картички биле поднесени во 1968 и 1969 година од германските електроинженери Хелмут Гротруп (Helmut Gröttrup) и Јирген Детлоф (Jirgen Dethloff). Подоцна, во 1976 година, Детлоф регистрирал еден важен патент кој го овозможил развојот на картичките со микрообработувач и меморија. Првата масовна употреба на овие картички се случила на почетокот на 1983 година, во Франција, каде тие започнале да се употребуваат како телефонски картички. Подоцна, во 1992 година, микрочиповите биле интегрирани во сите француски дебитни картички. Во 1993 година, неколку меѓународни платни институции (MasterCard, Visa и Europay) се согласиле да развијат спецификации за паметните картички. Како последица на тоа, во 1994 година била лансирана првата верзија на системот „ЕМВ“ (Europay Master Visa, EMV), а конечната спецификација била дефинирана во 1998 година, а била дополнително надградена во 2000 и 2004 година. Картичките со спецификацијата „ЕМВ“ и уредите за нивно прифаќање се широко распространети, освен во неколку земји, како што се САД. Називот на стандардот доаѓа од почетните букви на „Europay“, „MasterCard“ и „Visa“ и тој, заедно со стандардот ISO 7816, ги одредува стандардите за паметните картички. Главната цел на EMV стандардот е замена на картичките со магнетна лента со картичките кои поддржуваат чип технологија.EMV”EMV Card Personalization Specification, Ver. 1.1”, EMVCo Association, July 2007.

Главните одлики и функции на паметните картичките се специфирани со меѓународниот ISO стандард 7816, кој се состои од неколку битни делови. Така, стандардите ISO 7816-1/2/3 се однесуваат само на контактните паметни картички и ги дефинираат различни аспекти на картичката и нејзините интерфејси, вклучувајќи ги физичките одлики (димензии, отпорност од надворешни влијанија, димензии и местоположба на контактите на картичката, електронските сигнали итн.). ИСО 7816, деловите 4, 5, 6, 8, 9, 11, 13 и 15 се релевантни за сите видови паметни картички (контактни, како и бесконтактни). Тие ја дефинираат логичката структура на картичката, различните команди и протоколот за комуникација, апликацијата за управување, биометриската верификација, криптографските услуги итн.Smart cards basics

Паметните картички имаат повеќе предности за разлика од платежните картички со магнетна лента, во прв ред, бидејќи тие имаат далеку поголем капацитет на чување на податоци. Сепак, една од најважните предности на паметните картички е тоа што податоците зачувани во нив се заштитени од неовластен пристап и менување. Поради тоа што до податоците може да се пристапи само преку сериски интерфејс, кој е контролиран од страна на оперативниот систем, податоците можат да бидат запишани на картичката и чувани на начин кој спречува тие да бидат прочитани надвор од самата картичка, т.е. тие можат да бидат прочитани само преку користење на чипот на картичката. Други дополнителни предности на чип картичките се високото ниво на сигурност и подолгата трајност во споредба со картичките со магнетна лента чијшто рок на корисно траење не изнесува повеќе од две години.

Платежни картички со бесконтактна технологија