Ванче Шиков (роден 19 јули 1985 во Кавадарци, Југославија) — македонски фудбалер кој игра за Работнички во македонското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.
Фудбалска кариера Ванче Шиков својата фудбалска кариера ја започнал во ФК Тиквеш од Кавадарци. Во 2002 година поттпишал за грчкиот прволигаш Шкода Скеча каде одиграл 55 натпревари и постигнал 2 гола. Во 2006 Шиков потпишал со најтрофејниот грчки фудбалски клуб Олимпијакос од Атина. По потпишувањето на договорот, во сезоната 2007-2008, Олимпијакос го позајмил Шиков на позајмица во Керкира каде одиграл 13 натпревари и постигнал 2 гола. Во 2008 година Шиков се преселил во кипарското фудбалско првенство и потпишал за тимот на Етникос Ахна каде за 3 години одиграл 77 натпревари и постигнал 4 гола.
По трите поминати години на Кипар во летото 2011 потпишал 3 годишен договор со украинскиот прволигаш ВолинШиков продолжува во украински Волин. Откако му завршил договорот со Волин, летото 2014 Шиков како слободен играч потпишал двегодишен договор со Австрија Виена.Официјално: Шиков две години во Австрија Виена sportmedia.mk, 30 јуни 2014
За фудбалската репрезентација на Македонија има одиграно 35 натпревари и има постигнато 3 гола.
Репрезентативни голови # Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување 1 2 јуни 2010 Филах 1–0 Победа Пријателски натпревар 2 8 октомври 2010 Андора ла Веља 2–0 Победа Квалификации за ЕУРО 2012 3 7 октомври 2011 Ереван 4–1 Пораз Квалификации за ЕУРО 2012
Наводи
Надворешни врски Профил на Macedonian Football
Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Тиквеш Категорија:Фудбалери на ФК Шкода Скеча Категорија:Фудбалери на ФК Победа Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Фудбалери на ФК Керкира Категорија:Фудбалери на ФК Аполон Каламаријас Категорија:Фудбалери на ФК Етникос Ахнас Категорија:Фудбалери на ФК Волин Категорија:Фудбалери на ФК Австрија Виена