Отендорф-Окрила () — општина во округот Бауцен, во Саксонија, Германија. Се наоѓа 20 километри североисточно од Дрезден.
Грб
Грбот вклучува срце со три стрели со две цвеќиња на секоја страна и цвеќиња на долната страна. Бојата на штитот е зелена.
Површина
Неговата површина е 25,88 км2. Должината од север кон југ е 6 километри, а од исток кон запад е 7 километри.
Сообраќај
Отендорф-Окрила има свој сопствен излез на автопатот А4 и се наоѓа на железничката линија помеѓу Дрезден и Кенигсбрик.
Околина
округ Вајксдорф на Дрезден округ Гросдитмансдорф на Радебург во округот Мајсен општините Лаусниц и Вахау во округот Каменц
Места ('Ortsteile')
Гринберг Хермсдорф Мединген Отендорф-Окрила
Историја
Отендорф-Окрила бил првпат споменат во 1378.
Население
(31 декември)
1998 - 10.253 1999 - 10.363 2000 - 10.343 2001 - 10.255 2002 - 10.273 2003 - 10.184
Наводи
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Бауцен (округ)