Трново — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.

На почетокот на век, Трново било скоро целосно споено со соседното Магарево и наликувале на паланка со околу 6.600 жители, во кој имало повеќе дуќани, пазарен ден и неколку текстилни мануфактурни работилници. И двете села биле иселени за време на Првата светска војна, а голем дел од куќите биле разрушени од бомбардирањето, бидејќи тука поминувала фронтовската линија.

Потекло и значење на името

мини|300п|лево|Поглед во селото

Името на селото првпат е забележано во турски документи од век. Низ годините најчесто се споменува како Трново. Се поврзува со трн односно разни растенија покриени со трн со што има значење на „трнливо место, место со трње, покриено со трње“.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Битола, на североисточната падина на планината Баба. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 960 метри, а од градот Битола е оддалечено околу седум километри.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 2331, кој води до селото Нижеполе.

Селото се наоѓа во подножјето на планината Баба, во непосредна близина на Магарево. Куќите на овие две села меѓусебно се одвоени со долината на Магаревска Река. Во минатото, водата за пиење доаѓала од извор.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Верушка, Топола, Петровица, Горица, Кале, Шутка, Студен Кладенец, Ѓоргов Камен, Бела Чешма и Бачило.

Селото има збиен тип и не се дели на маала, бидејќи денес истото е мало. Во 1950-тите години, помеѓу куќите се гледале рушевини на многу куќи и згради, кои припаѓале на многубројното иселено население.

Историја

мини|300п|десно|Трново во почетокот на XX век мини|300п|десно|Разгледница од почетокот на XX век на која се претставени манастирите од Буково, Трново и Барешани

Месноста Кале се наоѓа на возвишение над селото, но нема остатоци од старини. Некогаш таму постоела утврдена населба. Како и Магарево, и Трново најпрво било словенско село, на што јасно укажува името на селото. И од Трново имало стари словенски иселеници. Најстар помен за ова село е од првата половина на XVII век.

Власите во Трново се доселиле во втората половина на XVIII заедно со оние во соседното село Магарево. Најпрво се доселила една група Албанци муслимани од околината на Корча, а потоа се доселиле две побројни групи: Власи од Москополе, Грамошта и Клисура и православни Албанци од околината на Корча и Колоња.

Во ова село во 1864 година било отворено романско училиште. На почетокот имало 80 ученици, а подоцна 20-30. До Првата светска војна, селото имало околу 400 домови, при што 30 домови биле Албанци муслимани, околу 150 домови Албанци православни, а останатите биле Власи со малку Каракачани. Православните Албанци често се женеле со влашките девојки и оделе во грчкото училиште во соседното Магарево. Поради тоа на почетокот на век само уште во 15 нивни домови се говорело на албански.

Во почетокот на XX век, Трново било во најголем процут од неговото постоење. Во центарот биле сместени занаетчиски, трговски дуќани и фурни. Но, егзодусот што им се случил на жителите што биле од Москополе се повторил за време на војната. Во текот на Првата светска војна, во близина на селото била линијата на Солунскиот фронт. Бугарите ги интернирале жителите од селото, а француската артилерија ги разурнала сите куќи. Според хроничарот Такец, Винстон Черчил забележал дека во борбите за Битола и околината од двете противнички страни стоеле под оружје по 190.000 војници со по околу 900 топови. Сојузниците под командата на генералите Сарај и Милн во Битола влегле во почетокот на ноември задржувајќи ја линијата на фронтот во непосредна близина на градот неполни две години. Поради изменетите услови за живеење и разурнатото село голем дел од жителите се иселиле во Битола, Србија, Грција, особено во Лерин, Романија, Бугарија и во други држави. Според истражувањата на Кокан Грчев во текот на воените операции разурнати се голем број манастири и цркви. Во декември 1916 година голем број објекти во селото Трново како и старата црква „Света Богородица“ подигната во 1837 година се целосно разурнати и срамнети со земја. Повторното населување почнува во 1919 година кога почнува изградбата на разурнатото село. Во 1926 година се добиени одредени средства во вид на воена отштета, а се собрани и доброволни средства од Битола и околните села со што е овозможено да почне изградбата на црквата. Иконостасот во црквата е изработен од Мијакот Нестор Алексиевски од Гари со своите синови, а во 1962 година доградена е камбанаријата како подарок од Џон Спиро, битолчанец иселеник во САД.

На рамно земјиште се наоѓа црквата „Св. Богородица“, која била повторно изградена во 1924 година на местото на срушената црква во Првата светска војна.

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 6,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 217 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 203 хектари, а на шумите 193 хектари.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трново живееле 2.450 жители, од кои 2.400 Власи и 50 Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 239.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Трново се води како чисто влашко село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 338 куќи.

Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трново имало 1.920 Власи и во селото функционираат две грчки и едно влашко училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 166 – 167.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци, 100 Албанци и 100 Власи.

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 292 жители, од кои 170 биле Македонци, 55 Турци и 10 жители Албанци. Во 1994 година селото броело 299 жители, од кои 187 биле Македонци, 87 Албанци и 22 жители Власи.

Според пописот од 2002 селото броело 278 жители, од кои 146 Македонци, 82 Албанци, 48 Власи, 1 Србин и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 263 жители, од кои 130 Македонци, 69 Албанци, 2 Турци, 34 Власи, 1 останат и 27 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Трново:

Година Македонци Албанци Турци Власи Срби Вкупно1948———————3091953125413910100—30619611701055—057—29219711864439—078—347198122374191307—33619911899601401—30019941878702203—29920021468204811—2782021130692340127263 * Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години Родови

Трново е мешано албанско-влашко-македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1951 година, родови во селото: Албански родови: Зеро (2 к.), доселени се од јужна Албанија, дошол основачот на родот Узеир, го знаат следното родословие: Максут (жив, 62 години во 1951 г.)-Алил-Беќир-Муарем-Узеир, кој дошол во селото; Рамизовци (4 к.), Аметовци (2 к.), Љатифовци (2 к.), Мемедовци (1 к.), Рустемовци (1 к.) и Ибраимовци (1 к.), доселени се од истото место од кое се доселени и родот Зеро; Јусуфовци (1 к.), доселени се во турско време од селото Снегово. Влашки родови: Гушо (1 к.), Бошковци (1 к.), Дервен (1 к.) и Стерјани (1 к.), доселени се од Грамошта и Москополе; Куниовци (2 к.), Дука (5 к.), Адамовци (2 к.), Пецо (1 к.), Михалаќи (1 к.), Алексо (1 к.), Митруш (1 к.), Тинка (1 к.), Лаке (1 к.) и Минго (1 к.), потекнуваат од православни Албанци, порано збореле албански, а сега влашки, мешајќи се со Власите. Во родот Дука се знае следното родословие: Тодор (жив, 83 години во 1951 г.)-Јован-Ѓорге-Дуко, основачот на родот кој се доселил, овие родови се доселени од околината на Корча, Колоња и Дарда; Јаневци (2 к.), потекнуваат од Каракачани, порано зборувале грчки; Маноло (3 к.), Стојовци (2 к.) и Маџо (1 к.), потекнуваат од македонски родови, мешајки се со Власите го примиле влашкиот јазик, родот Маноло се доселил од некое околно македонско село, додека другите два рода се доселени однекаде. Македонски родови: Талевци (4 к.), доселени се однекаде пред крајот на турското владеење; Петревци (1 к.), Ставревци (1 к.) и Писковци (1 к.), доселени се во 1904 година од селото Ротино; Цветковци (1 к.), доселени се на крајот од турското владеење од раселеното село Кочишта; Котевци (2 к.), доселени се од Секирани, а пред да дојдат овде живееле и во Братин Дол; Аргиновци (5 к.), доселени се во 1920 година од селото Јабланица, Струшко; Димовци (1 к.), доселени се во текот на Првата светска војна од некое село во Тиквеш.

Иселеништво

До 1951 година се знае за следниве иселеници: Албанци муслимани: од родот Зеро се иселиле седум семејства — во Битола три, во Албанија едно и во Турција три; од родот Метковци две семејства отишле во Турција и едно во Скопје; од родовите Рамизови, Мемедови и Рустемови по две семејства живеат во Турција; потполно се иселиле Јусеинови (1 к.) и Оџини (1 к.), кои биле мухаџири од Врањско. Останати иселеници: од родовите Адамовци и Јаневи по едно семејство живее во Грција, од родот Аргиновци едно семејство живее во Цапари; Наумовци (1 к.), живеат во Ротино и денес се словенизирани; сосема се иселиле овие влашки и власизирани православни Албанци — Питу Бела, Бизанко, Поп Стерјови, Синковци, Ќараца, Кости Фармакос, Миџот, Чупу и други.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште

Подрачното основно училиште „Д-р Трифун Пановски“, петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Трново било село во Битолската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Битола.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото најпрвин било дел од тогашната општина Дихово.

Во периодот 1952-1955, селото било исто така дел од тогашната општина Дихово, во која покрај селото Трново се наоѓале селата Братин Дол, Брусник, Дихово, Лавци, Магарево, Нижеполе и Снегово. Во периодот 1950-1952, исто така постоела Општина Дихово, во која влегувале селата Братин Дол, Дихово, Магарево, Нижеполе и Трново.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0131 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Магарево.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 321 гласач.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“

Археолошки наоѓалишта Трновски Лозја — некропола од римско време; и Трновско Кале — населба од хеленистичко време.

Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква изградена во 1837 година.

Џамии Џамија — главна селска џамија. Во селото имало џамија и во текот на отоманскиот период, но била срушена во 1912 година.

Редовни настани

Слави Голема Богородица — селска и црковна слава; Традиционална погранична средба или Трновски средби, ја организира Заедницата на организациите на етничките Македонци протерани од Грција - Битола; и Саем на локални производи - се одржува секоја година со цел за подобрување на животните услови на руралното население во потпланинскиот регион преку идентификација, промоција на локалните производи, развој на алтернативниот туризам и одржливост на природните ресурси.

Личности

Родени во или по потекло од Трново Славе Стерјовски — македонски музичар, автор музички нумери од македонскиот и влашкиот мелос;