Мигдонија — древна област населена од тракиското племе Мигдонци, наречена според епонимниот херој Мигдон, дел од античка Тракија, а подоцна освоена од кралството Македонија. Прв ја спомнува Херодот во раскажувањето за походот на Ксеркс против Хелада.Херодот, Hystoria Името често се користело како збирно, за означување на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт. Била густо населена област со развиен градски живот.
Областа ги опфаќала подрачјата околу Терма (Солун), северните делови на полуостровот Халкидик (околу денешниот Солунски Залив), по долниот тек на р. Аксиј (Вардар) до Дојранското Езеро заедно со долините Клисали и Безикија, вклучувајќи го подрачјето на утоката на реката Вардар па на исток сè до езерото Болбе. На север граничела со Крестонија.
Поголеми градови во Мигдонија биле: Ајнеа, Алт, Ематија, Кис, Мелисург, Терма, Тесалоника, Халија, Синд, Стрепса, Халастра, Хераклест и други.
Поврзано Горна Македонија Кралство Македонија Тракија
Наводи
Литература Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; Наде Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004.
Категорија:Долна Македонија Категорија:Области во Античка Македонија Категорија:Тракија