Охорн () — општина во округот Бауцен, во Саксонија, Германија.
Географија
Општина се наоѓа 2 километри источно од Пулсниц и 30 километри североисточно од Дрезден, главен град на Саксонија. Вгнезден во долината на реката Пулсниц, Охорн е опкружен од типичниот пејзаж за западните лужичките ридови, достигнувајќи висина од 449 метри на ридот Хохштајн (Hochstein). Охорн има сопствен излез на сојузниот автопат А4.
Административна поделба
Охорн е поделен во 5 дела: Фуксбеле, Гикелсберг, Мителдорф, Обердорф и Редер.
Историја
Следејќи го повикот на германски тевтонски визези, 1.100 занаетчии, производители и земјоделци од Тирингија, Франконија, Хесен и Баварија дошле да ја населат областа на реката Пулсниц, создавајќи населба на околу 20 хектари од јузападната страна на ридот Шлајсберг (Schleißberg). Реката била важен фактор за одбирањето на локацијата на населбата.
Охорн бил првпат споменат во историските документи во 1349 во книга за феуди поседувана од Фридрих III, гроф на Тирингија, добивајќи го името „Ahorn“, кое означувало „населба на јавори“Historisches Ortsnamenbuch von Sachsen. Bd. II, M-Z. Berlin: Akademie-Verlag 2001, S. 132 Во 1537, дворецот во Охорн бил споменат како имот на владетелите од Пулсниц. Денес постојат само делови на овој дворец. Во тие времиња, немало поважни чекоро за неговиот развој, неговиот статус како фармерска населба истрајал и покрај фактот дека се граничел со бискупијата од Мајсен и бохемиското кралство. Во меѓувреме, бројот на жители бил намален поради разните епидемии. Чумата предизвикала смрт за скоро една петтина од населението.
Во 1661, владетелите на Охорн дозволиле изградба на училишна зграда. Првото училиште било отворено во 1750. Почнувајќи во 1745 се случила драстична социјална промена. Поради развојот на водениците и малите мануфактури, демографски Охорн се зголемил, па така во 1885 во населбата имало над 2.000 жители.
Во 1827 и 1879, била изградена нова училишна зграда. Првата автобуска линија со окружнаа областа била воведена во 1912 од поштенскиот автобуси на Бернхард Моке, станувајќи прва таква во Саксонија, пворзувајќи ги двата поголеми града Пулсниц и Кенигсбрик.
Во 1939, Охорн бил поврзан со планираниот автопат помеѓу Дрезден и Вроцлав, кој е причината за неговото поврзување со сојузниот автопат 4.
Знаменитости
Schleißberg- Рид со Schleißbergbaude Schwedenstein со поглед на општината и планински ресторан Tanneberg Музеј за локалната историја Buschmühlenteich (езеро со гондоли) Kirchlehn
Надворешни врски Официјална страница Инфо-страница за Охорн
Наводи
Категорија:Бауцен (округ) Категорија:Населени места во Горна Лужица