Никола Поповски (роден на година во Скопје) — македонски политичар.

Животопис

Никола Поповски дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на тема „Економски основи на информациското општество“.

Од 1992 до 2002 година, тој бил пратеник во Собранието на Република Македонија, координатор на пратеничката група на СДСМ, член на Парламентарното собрание на Советот на Европа и член на повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур. Во 1993 година, тој станал шеф на македонската делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, претседател на собраниските комисии за надворешна политика, екологија, млади и спорт и за финансирање и буџет.

Од 3 октомври 2002 до 7 ноември 2003 година, тој ја вршел функцијата претседател на македонското собрание. На 7 ноември 2003 година, тој станал министер за финансии во тогашната влада на Бранко Црвенковски. По парламентарните избори во 2006 година бил избран за пратеник во Собранието и на таа функција останал до предвремените парламентарни избори во 2008 година.www.sobranie.mk

Од февруари 2009 година работел на Европскиот универзитет во Скопје како професор по предметот Економија на развојот и Здравствено и социјално осигурување.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Министри за финансии на Република Македонија Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Економскиот факултет - Скопје