220п|мини|десно|Поглед кон куќата Арапска куќа (Хотел „Јадран“) — зграда во неомавритански стил во центарот на Скопје.

Историја Првобитно, „Арапската куќа“ била семејна куќа во сопственост на браќата Агоп и Агавни Дикиниџијан, богати трговци Ерменци.Марина Апостоловска, „Стари семејства...“, стр. 17-18., а била изградена во периодот 1936-1938 година. Надворешноста на палатата била права сензација за граѓаните на Скопје, со шарени полуелиптични џамлаци, на два ката со балкони на столбовите, со кули наместо ќерамиди на покривот и со чудни шари на фасадата. На влезот имало масивна железна врата со изгравирани иницијали од благороден метал „А.Д.“, бавча со водоскок и масивна орнаментирана ограда. Внатрешноста на палатата била со унгарски паркет со орнаментика, со жолто-зелени и црвени стакла, со црвени мермерни скали, со мермерни декорации од сини птици на скалите и во ходниците, со кристални лустери и со детаљи од слонова коска. Ерменецот Агоп Дикинџијан бил сопственик и на фабриката за шамии „Тулбенд“. Нејзин архитект бил рускиот емигрант Иван Артемушкин, кој се доселил во Скопје непосредно по Октомвриската револуција.Офелија Димковска, „Нова Година ќе дојде на Сквер Јадран“, Фокус, број 1054, 18 декември 2015, стр. 55. По смртта на Агоп и неговата сопруга Агавни, во Арапската куќа живееле Рустем бег со својата сопруга, Русинката Натали.

Во 1964 година, „Арапската куќа“ била преуредена во хотел, наречен „Јадран“. Последното преуредување на куќата е направено во 1989 година.

Архитектонски одлики „Арапската куќа“ е градена во маварски стил. Поради својата архитектонска особеност, „Арапската куќа“ е прогласена за историски споменик на културата.

Наводи

Надворешни врски Арапската куќа — голема сензација за старите скопјани (Нова Македонија, 30.5.2009) Хотел „Јадран“ — официјално мрежно место

Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Хотели во Скопје Категорија:Споменици на културата во Македонија Категорија:Неомаварска архитектура