thumb|right|200px|Карта на Саун Томе и Принсип. Покраините на Саун Томе и Принсип се првостепената административна поделба на државата. Саун Томе и Принсип се поделени на две покраини.

Покраини Саун Томе и Принсип има само две покраини, и тоа:

Саун Томе - главен град на оваа покраина е Саун Томе. Покраината го зафаќа островот Саун Томе и истата е дом на најголем дел од населението на државата. Проценките за 2004 година кажуваат дека во покраината живеат 133.600 жители од вкупните 139.000 жители во државата. Принсип - главен град Санто Антонио. Покраината го зафаќа островот Принсип со околните помали острови. Покраината има 142 км2 и проценето население од околу 5.400 жители.

Покраините се поделени на окрузи, од кои шест се во Саун Томе, а една во Принсип.

Поврзано Административна поделба на Саун Томе и Принсип Окрузи во Саун Томе и Принсип Саун Томе и Принсип

*