Ауе-Шварценберг () — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Фогтланд, Цвикау, Штолберг и Анаберг.
Историја
Рудните Планини (германски: Erzgebirge) биле скоро ненаселени во раниот Среден век. Имало изолиран манастир во век. Повеќето од градовите во планините биле основани во век, по откривањето на рудите сребро и калај.
Окрузите Ауе и Шварценберг биле основани во 1873 година. Во 1994 година, двата окрузи биле споени во еден заеднички округ, кој бил наречен Вестерцгебиргскрајс и една година подоцна бил преименуван во неговото постојно име (Ауе-Шварценберг). На 1 август 2008 година, бил припоен кон новиот округ Рудни Планини.
Географија
Округот се наоѓал во западниот дел на Рудните Планини. Сртот на овој планински масив ја формира јужната граница на округот, која исто така е и германско-чешка граница. Највисокиот врв во округот е Ауерсберг (1019 м), вториот највисок врв во Саксонија, по Фихтелберг.
Изворот на Цвикауер Мулде се наоѓа во округот. Оттука тече кон север до Цвикау.
Грб
100п|ГрбГрбот прикажува: Свештенички свијок, кој го симболизира манастирот во Гринхајн, кој бил најстарата населба овој дел на Рудните Планини; Заби на волк, кои биле дел од грбот на грофовијата Шварценберг; Црн андреин крст на жолта основа, кој бил користен од грофовијата Хартенштајн, кој се наоѓал во северниот дел од округот.
Градови и општини
ГрадовиОпштиниАуе Ајбеншток Гринхајн-Бајерфелд Јохангеоргенштат Лаутер Лесниц Шнеберг ШварценбергБад Шлема Бернсбах Бокау Брајтенбрун Рашау-Маркерсбах<li> Шенхајде <li> Зоза <li> Штиценгрин <li> Чорлау
Поврзано Слободна Република Шварценберг
Надворешни врски
Службена страница Неофицијална страница
Категорија:Поранешни окрузи во Саксонија Категорија:Држави и територии распаднати во 2008 година