Серхио Раул Торес (роден на 8 Ноември, 1983 година) — аргентински професионален фудбалер кој игра за Кроули Таун. Тој пристигна од Питерборо во јули 2010 година. Тој поседува италијански пасош, затоа што неговата баба била италијанка. Тој претходно играл во неговата татковина Аргентина, како и за Беисингстоук и Викомб.
Животопис Ран живот и почеток на кариера
Тој ја започнал својата кариера во аргентинскиот мал клуб Банфиелд де Маре дел Плата, но по две сезони тој одлучил да го напушти клубот и да продолжи со работа во фабриката на татко му. Но подоцна, бидејќи му недостига фудбалот решава да замине во Англија во 2004 година со цел да пронајде клуб. Тој доаѓа на проби во Брајтон на две недели, но луѓето во тимот не се премногу импресионирани од него па така можноста за трансфер му пропаѓа. Иако Албион не покажал интерес кон него, тој не се откажува и доаѓа во тимот на Беисингстоук подоцна истата година. Додека е во Беисингстоук, Торес исто така работи во фабрика за производство на ракавици, со цел да се заработи за живот, како би можел да го исполни сонот и да стане познат фудбалер.
Викомб Вондерерс
Во јули 2005 година Бесингстоук одигра пријателски натпревар пред стартот на сезоната со Викомб Вондерерс, при што Торес го импресионира нивниот менаџер Џон Горман и му беше понуден две-годишен договор.
Питерборо Јунајтед
Во јули 2008 година, Торес потпишува за Питерборо за сума од £ 100,000, а со тоа Торес се движи едно ниво нагоре во својата кариера играјќи за тим од Лига еден.
Тој беше ставен на трансфер списокот на клубот по нивна промоција во Чемпионшип лигата. Торес замина во Линколн Сити на позајмица од еден месец на 17 септември 2009 година.
Кроули Таун
Во јули 2010 година, Торес му се приклучи на тимот од Конференцијата, Кроули Таун на две-годишен договор. Сумата на трансферот не беше објавена, но има некој информации дека била околу £ 100,000 со што тој станува најскапиот трансфер во историјата на клубот.
Наводи
Надворешни врски Профил на soccerway.com
Категорија:Фудбалери на ФК Питерборо Категорија:Фудбалери на ФК Кроули Таун Категорија:Живи луѓе Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Родени во 1981 година