Кибервојна или информатичка војна — политички мотивирано пробивање преку семрежјето со цел да се спроведе саботажа и шпионажа. Кибервојната е форма на информациска војна која понекогаш се гледа како аналогија на конвенционалното војувањеDOD – Cyberspace . Dtic.mil. Посетено на 2011-11-08., иако оваа аналогија е контроверзна и од страна на точноста и од страна на својата политичка мотивација.

Владиниот експерт за безбедност Ричард А. Кларк, во својата книга „Кибервојна “ (мај 2010), го дефинира поимот "кибервојна", како "акции преземени од страна на национална држава за да се навлезе во сметачите или мрежите на друга нација, со цел да се предизвика штета или нарушување."Clarke, Richard A. Cyber War, HarperCollins (2010) Весникот „Економист“ го опишува киберпросторот како "петти домен за војна","Cyberwar: War in the Fifth Domain" Economist, July 1, 2010 и Вилијам Ј. Лин, американскиот заменик-секретар за одбрана, вели дека "како прашање на доктрина, Пентагон официјално го призна киберпросторот како нов домен за војна ... [којшто] станал исто толку важен за воените операции како што се копното, морето, воздухот, и вселената."Lynn, William J. III. "Defending a New Domain: The Pentagon's Cyberstrategy", Foreign Affairs, Sept/Oct. 2010, pp. 97–108

Во 2009 година, претседателот Барак Обама ја прогласи дигиталната инфраструктура на Америка за "стратешко национално средство", а во мај 2010 година Пентагон ја постави новата Киберкоманда на САД (USCYBERCOM), предводена од генерал Кит Б. Александар, директор на Националната агенција за безбедност (NSA), да ја брани американската воена мрежа и да напаѓа системи на други земји ". Европската Унија ја постави ENISA- Агенција за мрежи и информациска безбедност на Европа (European Network and Information Security Agency), која е предводена од д-р Удо Хелмбрект и сега постојат понатамошни планови значително да се прошират способностите на ENISA. Обединетото Кралство, исто така, формира кибербезбедносен и "операционен центар" со седиште во Штабот за Владини комуникации (GCHQ), британскиот еквивалент на (NSA). Во САД сепак, Киберкомандата е поставена да ја штити само војската, а државните и корпоративни инфраструктури првенствено се одговорност на Министерството за внатрешна безбедност на САД и приватните компании соодветно.

Во февруари 2010 година, врвните американски законодавци предупредиле дека "заканата од осакатувачки напад врз телекомуникациите и сметачките мрежи остро расте." Според извештајот на Липман, голем број клучни сектори на економијата на САД, заедно со оние на другите народи, во моментов се изложени на ризик, вклучувајќи ги и киберзаканите до јавни и приватни објекти, банкарството и финансиите, транспортот, производството, медицината, образованието и владата, од кои, сите денес се зависни од сметачите за да функционираат секојдневно.The Lipman Report , Oct. 15, 2010 Во 2009 година, претседателот Обама изјави дека "кибернатрапници ги истражуваат нашите електрични мрежи."Clarke, Richard. "China's Cyberassault on America", Wall Street Journal, June 15, 2011

Весникот „Економист“ пишува дека Кина има планови за "добивање на информатизираните војни до средината на 21 век ". Тие истакнуваат дека и други земји исто така се подготвуваат за кибервојна, а меѓу нив се и Русија, Израел и Северна Кореја. Иран може да се пофали дека ја има втората по големина кибервојска во светот. Џејмс Гослер, владин специјалист за киберсигурност, е загрижен дека САД има тежок недостиг од специјалисти за сметачка безбедност, проценувајќи дека постојат само околу 1.000 квалификувани луѓе во земјата денес, а потребна е сила од 20.000 до 30.000 квалификувани експерти."Cyberwarrior Shortage Threatens U.S. Security" NPR, July 19, 2010 Во јули 2010 година, на конференцијата за сметачка безбедност Black Hat, Мајкл Хајден, поранешен заменик директор на националното разузнавање, ги предизвикал илјадниците присутни да помогнат да се изнајдат начини за да се "преструктуира безбедносната архитектура на семрежјето"."U.S. military cyberwar: What's off-limits?" CNET, July 29, 2010

Методи за напад

Кибервоувањето состои од многу различни закани:Cyberspace and the changing nature of warfare. Strategists must be aware that part of every political and military conflict will take place on the internet, says Kenneth Geers.

Шпионажа и нарушувања на националната безбедност

Кибершпионажа е постапка или практика на добивање на тајни (чувствителни, комерцијални или доверливи информации) од поединци, конкуренти, соперници, групи, влади и непријатели, за добивање воена, политичка или економска предност, со нелегално искористување на методите на семрежјето, сметачките мрежи, софтверот и/или сметачите. Доверливи информации кои не се заштитени може да бидат пресретнати, па дури и изменети, правејќи ја шпионажата можна и од другата страна на светот. На некои специфични напади врз САД им биле дадени и кодирани имиња, како Титански дожд и Месечев лавиринт. Генералот Александар Кит забележува дека неодамна формираната Киберкомандата во моментов се обидува да утврди дали активностите како, комерцијалната шпионажа или кражбата на интелектуалната сопственост се криминални активности или вистински "нарушувања на националната безбедност."

Саботажа

Воените активности, во кои, сметачите и сателитите се користат за координација, се изложени на ризик од пореметувања на опремата. Нарачки и комуникации може да бидат пресретнати или заменети. Енергетската, водена, комуникациска, како и транспортната инфраструктура и инфраструктурата за гориво, сите можат да бидат подложни на прекин. Според Кларк, цивилното царство е исто така изложено на ризик, напоменувајќи дека нарушувањата на безбедноста веќе се многу пострашни од украдени броеви на кредитни картички и дека потенцијални цели, исто така може да бидат и електричната енергетска мрежа, возови, или берзата."Clarke: More defense needed in cyberspace" HometownAnnapolis.com, Sept. 24, 2010

Во средината на јули 2010 година, експерти за безбедност открија малициозна софтверска програма наречена Stuxnet, која се инфилтрирала во сетачи во фабрика и се проширилa на фабрики од целиот свет. Тоа се смета за "првиот напад на критична индустриска инфраструктура, кој седи во основата на модерните економии", забележува весникот „The New York Times“."Malware Hits Computerized Industrial Equipment" New York Times, Sept. 24, 2010

Електрична мрежа за напојување

Федералната влада на САД признава дека преносот на електрична енергија е подложен на кибернапади.Shiels, Maggie. (2009-04-09) BBC: Spies 'infiltrate US power grid'. BBC News. Посетено на 2011-11-08.Video. CNN (2009-04-08). Посетено на 2011-11-08. Министерството за внатрешна безбедност на САД соработува со индустријата за да се идентификуваат слабостите и да им се помогне на индустриите да ја подобрат безбедноста на системот за контрола на мрежи, а федералната влада исто така работи за да се вгради безбедноста, затоа што веќе доаѓа следната генерација на "паметна сметачка мрежа".Reuters: US concerned power grid vulnerable to cyber-attack . In.reuters.com (2009-04-09). Посетено на 2011-11-08. Во април 2009 година, според сегашни и поранешни национални безбедносни претставници, се појавија извештаи дека Кина и Русија се инфилтрирале во електричната мрежа на САД и зад себе оставиле софтверски програми кои може да се користи за да се наруши системот.Gorman, Siobhan. (2009-04-08) Electricity Grid in U.S. Penetrated By Spies. Online.wsj.com. Посетено на 2011-11-08.Video. Fox News (2011-05-01). Посетено на 2011-11-08. Северно Американската корпорација за електрична сигурност (NERC) издаде јавен оглас, кој предупредува дека електричната мрежа не е адекватно заштитена од кибернапад .NERC Public Notice. (PDF) . Посетено на 2011-11-08. Кина негира дека се инфилтрирала во електричната мрежа на САД.Xinhua: China denies intruding into the U.S. electrical grid . 9 April 2009'China threat' theory rejected. China Daily (2009-04-09). Посетено на 2011-11-08. Една контрамерка ќе биде да се исклучи електричната мрежа од семрежјето.ABC News: Video. Abcnews.go.com (2009-04-20). Посетено на 2011-11-08.Disconnect electrical grid from Internet, former terror czar Clarke warns . The Raw Story (2009-04-08). Посетено на 2011-11-08. Масивни прекини на електричната енергија, предизвикани од кибернапади, може да ја нарушат економијата, да го одвлечат вниманието од повеќекратен воен напад, или да создадат национална траума.

Хауард Шмит, координатор на САД за сметачка безбедност, ги коментираше овие можности:"White House Cyber Czar: ‘There Is No Cyberwar’" Wired magazine, March 4, 2010

Можно е дека хакерите имаат навлезено и во административните сметачките системи на комуналните претпријатија, но вели дека тие не се поврзани со опремата за контрола на мрежата, барем не во развиените земји. [Шмит] никогаш не слушнал дека самата мрежата е пробиена.

Мотивации

Воена мотивација

Во САД, генералот Кит Б. Александар, првиот шеф на неодамна формираната Киберкоманда на САД, го предупреди Комитетот за вооружани сили при Сенатот, дека сметачката мрежна војна, се развива толку брзо што постои "несовпаѓање меѓу нашите технички способности за да се изведуваат операции и владејачките закони и политики". Киберкомандата е најновиот глобален борец и единствената нејзина мисија е киберпросторот, надвор од традиционалните боишта како копно, море, воздух и вселена. "Таа ќе се обидува да локализира и, кога е потребно, неутрализира кибернапади и да ги брани воените сметачки мрежи.

Александар скицира широко бојно поле предвидено за командата на сметачката војна, набројувајќи видови на мети кои новиот Штаб може да нареди да се нападнат, вклучувајќи ги и "традиционалните награди на бојното поле – системи за команда и контрола на воените штабови, мрежи за воздушна одбрана како и системи за оружје кои имаат потреба од сметачи за да работат.""Cyber-War Nominee Sees Gaps in Law", New York Times, April 14, 2010

Едно сценарио на кибервојна, т.н. Cyber Shockwave, кое беше симулирано на ниво на кабинет, од страна на поранешни официјални претставници на администрацијата, ги покрена прашањата, кои опфаќаа се, од Националната гарда до електричната мрежа, па сè до прашања за границите на законските овластувања.Cyber ShockWave Shows U.S. Unprepared For Cyber Threats . Bipartisanpolicy.org. Посетено на 2011-11-08.Cyber ShockWave CNN/BPC wargame: was it a failure? – Computerworld Blogs . Blogs.computerworld.com (2010-02-17). Посетено на 2011-11-08.

Дистрибуираната природата на семрежните напади означува дека е тешко да се одреди мотивација за напад и страната што напаѓа, што значи дека не е јасно кога одреден акт треба да се смета за чин на војна.Steve Ragan Report: The Cyber ShockWave event and its aftermath . The Tech Herald. February 16 2010

Граѓанска мотивација

Потенцијалните мети во семрежната саботажа ги опфаќаат сите аспекти на семрежјето, почнувајќи од ’рбетот на семрежјето, до семрежни услужници, до различните типови на медиуми за пренос на податоци и мрежна опрема. Ова ги вклучува: опслужувачите, информациските системи на претпријатијата, системите на клиентски опслужувачи, комуникациските врски, мрежната опрема, како и десктоп и лаптоп сметачи на деловните места и во домовите. Електричните мрежи и телекомуникациските системи исто така се смета дека се ранливи, особено поради актуелните трендови во автоматизација

Мотивација на приватниот сектор

Сметачкото хакирање претставува модерна закана во тековната индустриска шпионажа и како такво се претпоставува дека ќе се рашири. Карактеристично е тоа што овој тип на криминал е непријавен. Според Џорџ Куртз од McAfee, корпорациите од целиот свет се соочуваат со милиони кибернапади на ден. "Повеќето од овие напади не добиле никакво медиумско внимание ниту довеле до силни политички изјави од страна на жртвите "."Google Attack Is Tip Of Iceberg", McAfee Security Insights, January 13, 2010 Овој вид на криминал обично е финансиски мотивиран.

Кибервојна по држави