Ново Село — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.

Географија и местоположба

Историја

Стопанство

Население

Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и имало 108 куќи со 494 жители, сите Македонци.Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.589 жители, од кои: 1 Македонец, 1.579 Албанци и 9 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 877 жители, од кои 662 Албанци, 1 останат и 214 лица без податоци.

Родови Ново Село е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:

Десовци (35 к.) се албанизирани Горанци. Доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен во Косово. Го знаат следното родословие: Милаим (жив на 65 г. во 1948 година) Ислам-Мурат-Зеќир-Мурат-Асан-Деса, кој се доселил со синовите. Имаат иселеници во Новаке, Јеловјане, Мала Речица и Турција (шест семејства). Маршин (9 к.) доселени се од местото Маршин кај Љума во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Боговиње. Матранч (25 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Турција (едно семејство). Врае (2 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Штек (27 к.) доселени се од местото Штек кај Љума во северна Албанија. Шпен (3 к.) доселени се од северна Албанија. Чапри (8 к.) доселени се преку Гора од некое место во Албанија.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2077 и 2078 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.430 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Галерија

Иселеништво Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Боговиње