Бернсбах () — село и поранешна општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија, која заедно со нејзиниот составен дел Оберпфаненштил има околу 4.700 жители. Од 1 јануари 2013 година е дел од градот Лаутер-Бернсбах.
Географија
Општината се протега од долината на реката Шварцвасер до Шпигелвалд (шума) на 728 метри надморска височина, така нудејќи добар поглед над градовите во Рудните Планини, Ауе и Шварценберг. Така го добил прекарот „Балкон на Рудните Планини“ (Balkon des Erzgebirges).
Историја
мини|200п|лево|Плоштадот и црквата во Бернсбах
Се верува дека Бернсбах е основан околу 1200 година од франкиските доселеници. Првпат бил споменат во документите во 1240 година, под името Вернхардиспах (Wernhardispach). Околу 1460 година, бил именуван во терминската книга составена од Францисканците од Цвикау како Пернсбах (Pernsbach). Во ова време, Бернсбах припаѓал на опатијата Гринхајн, по чие распуштање во 1536 година преминал во Амт Гринхајн. Во 1874 година, општината била назначена како Амт, а од 1950 година припаѓала на округот Ауе.
Од 1679 година до 1681 година, била изградена црква во средината на општината, така одделувајќи го Бернсбах од соседната општина Бајерфелд, на чија парохија припаѓал дотогаш.
Во текот на рударските денови биле ископувани железо, сребро и сулфур. Рудите биле преработувани од топилницата. Околу 1538 година, се населиле рудари и топилничари, така носејќи ја нивната вештина за ракување со метал и менувајќи ја структурата на некогашната чисто земјоделска структура.
Понатаму во век, градот доживеал голем пораст во трговијата. Во годините околу 1800 година, во Бернсбах започнале печатење на службените поштенски марки и грбовите. Со доаѓањето на железничката линија од Цвениц до Шајбенберг во 1900 година, со што настанал и пораст на жителите.
Во 1987 година, општината ја прославила 750-годишнината, заснована на спомнувањето во 1237 година.
Население
Следниве бројки се однесуваат за состојбата на 31 декември во дадената година.
1982 to 1988 1982 − 5.049 1983 − 4.968 1984 − 4.922 1985 − 4.827 1986 − 4.703 1987 − 4.619 1988 − 4.530 1989 to 1995 1989 − 4.360 1990 − 4.220 1991 − 4.119 1992 − 4.057 1993 − 4.025 1994 − 4.233 1995 − 4.568 1996 to 2002 1996 − 4.778 1997 − 4.847 1998 − 4.847 1999 − 4.747 2000 − 4.714 2001 − 4.740 2002 − 4.761 2003 to 2006 2003 − 4.719 2004 − 4.714 2005 − 4.632 2006 − 4.562 Извор: Статистичка служба на Саксонија
Партнертсво Фохенштраус, Баварија
Клубови СВ Саксонија Бернсбах ТВ 1864 Бернсбах (гимнастички клуб) Бернсбахер Музикантен
Познати луѓе Карл Волф, германски национален фудбалер за фудбалскиот тим на Источна Германија Зигфрид Волф, германски национален фудбалер за фудбалскиот тим на Источна Германија Армин Хертел, прв бискуп на Обединетата методистичка црква во Источна Германија од 1970 до 1986.
„Балкон на Рудните Планини“: поглед од Бернсбах на Шварценберг, Лаутер и Ауе (од лево кон десно)
Надворешни врски Службена страница на Бернсбах
Категорија:Рудни Планини (округ) Категорија:Села во Саксонија Категорија:Поранешни општини во Саксонија