Перпетуа и Фелицитата се христијански светци и маченици од 3 век.

Во времето на царот Септимиј Север биле фрлени во затвор како христијани. Света Перпетуа била од благороден род. Според христијанското верување таа ги храбрела сите останати затвореници во самицата да не се плашат да пострадаат. Во сон Перпетуа видела скала од земјата до небото сета наредена со остри ножеви, мечеви, копја, јадици, клинци и со други смртоносни оружја. А на дното на скалата лежела страшна змија. И видела како Сатир прв истрчал по скалата до врвот неповреден, па од врвот ѝ викнал на Перпетуа: “Перпетуа, те чекам, ајде, но варди се од змијата!” Охрабрена со тоа, Перпетуа ѝ застанала на главата на змијата како на прво скалило, па со ред брзо истрчала до врвот. Кога се искачила до врвот, влегла во небесата, ги видела прекрасните дворови небесни и била мошне радосна. Кога го раскажала својот сон, сите затвореници протолкувале дека им претстои скорешна смрт и тоа прво на Сатир. Тоа брзо и се остварило. Прв бил убиен Сатир, па Перпетуа, па останатите со ред„Охридски пролог“ стр. 44.

Православната црква неговиот ден го чествува на 1 февруари.

Наводи

Категорија:Родени во 2 век Категорија:Христијански маченици од 3 век Категорија:Римјани од 2 век Категорија:Римјани од 3 век Категорија:Христијански светци од 3 век Категорија:Африкански светци Категорија:Англикански светци Категорија:Православни светци Категорија:Православни маченици Категорија:Светици Категорија:Христијани од 3 век Категорија:Починати во 203 година