Смоланд (швед. ) — историска покраина (landskap) во јужна Шведска. Се граничи со покраините Блекинге, Сканија, Халанд, Вестерјетланд, Естерјетланд и островот Еланд во Балтичкото Море. Името буквално значи „мали краишта“.Encyclopaedia Britannica; Micropaedia Volume IX (1974) стр. 278 Највисока точка е врвот ридот Томтабакен со 377 м.

Управа Традиционалните покраини во Шведска немаат административна или политичка улога, туку постојат само како културно-историски целини. Покраината е поделена помеѓу три управни округа: Јеншепинг, Калмар и Крунуберг, со мали делови во окрузите Халанд и Естерјетланд.

Население Смоланд има население од 720.358 жители распоредени во пет окрузи:

Округ НаселениеЈеншепинг (претежно)318.343Калмар (претежно)208.999Крунуберг (сосема)183.162Халанд (периферно)7.081Естерјетланд (периферно)2.773

Географија Во пределите преовладува шумовита висорамнина, каде почвата е помешана со песок и камења и затоа е гола и непогодна за земјоделство. Единствен исклучок се крајбрежните делови како Калмарската Рамница. Во покраината изобилуваат езера и блата. Брегот го карактеризираат разни острови и заливи на север и обработена рамница на југ.

Најголеми градови се Јеншепинг (на северозапад), Векше (на југ) и Калмар на источното крајбрежје близу островот Еланд.

Историја Подрачјето на Смоленд е населено во камено време и тоа пред 6000 п.н.е., кога доселениците Алби преминале ледениот мост преку Калмарскиот Проток.

Името Смоланд („мали краишта“) се должи на фактот што подрачјето во минатото постоеле неколку независни краишта: Кинда (денес дел од Естерјетланд), Твета, Виста, Ведбо, Шуст, Севеде, Аспеланд, Хандберд, Мере, Веренд, Финведен и Њудунг. Во викиншката ера и раниот среден век секој од нив имал свои закони и можел да се прогласи за неутрален во војните на Шведска, барем кога немало присуство на кралска војска во собраниската расправа. Околу 1350, за време на кралот Магнус Ериксон е донесен државен закон со кој покраините изгубиле голем дел од нивната независност.

Калмар е еден од најстарите градови во Шведска. Во средниот век бил најјужниот град во земјата и трет по големина Во тој период бил центар на железарството.

Национални паркови Смоланд има три национални парка:

Стуре Мусе Нора Квил Бло Јунгфрун

Личности мини|Селска куќа во Смоланд во типична црвена боја со бели рабови. Во местото Елмхулт е роден прочуениот ботаничар Карл фон Лине (1707–1778), наречен „татко на таксономијата“. По себеси го нарекол цвеќето Линеја (Linnaea borealis), кое потоа станало симбол на покраината.

Во истото место е роден и претприемачот Ингвар Кампрад, основач на IKEA.

Поврзано Покраини во Шведска

Наводи

„Смоланд“ - Нордиска семејна книга (1917)

Надворешни врски Посетете го Смоланд - официјален туристички портал

Категорија:Покраини во Шведска