Свети Архип е христијански светец од 1 век.

Свети Архип бил еден од седумдесетте апостоли. Апостол Павле го споменува во посланието до Колосјаните и до Филимона, нарекувајќи го свој другар во војувањето. Во градот Колосај средиштето на христијанството бил во куќата на Филимон. Тука се собирале христијаните на молитва. Тоа св. ап. Павле го нарекува, пишувајќи му на Филимона, негова домашна црква.

Според христијанското верување, во времето на некој празник на богиња Артемида, сите верни во Колосај биле, по обичај, собрани во домот на Филимон на молитва. Незнабожците, дознавајќи за овој собир, се втурнале и ги пофаќале сите христијани, а Филимон, Архип и Апфија, како водачи, најпрвин ги тепале, а потоа ги закопале до појас во земјата и почнале со камења да ги удираат. Така ги убиле светите Филимон и Апфија, а св. Архип го извадиле од дупката одвај жив и го оставиле на децата со него да се забавуваат. Децата, пак, го избодиле целиот со ножеви. И така, овој другар на Павле во војувањето, го завршил животниот тек на својот земен пат„Охридски пролог“ стр. 70.

Православната црква неговиот ден го чествува на 19 февруари.

Наводи

Категорија:Седумдесет апостоли Категорија:Личности од Новиот завет Категорија:Православни светци Категорија:Светци од Светата Земја Категорија:Светци од Анадолија Категорија:Грчки светци Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Римокатолички светци од Анадолија Категорија:Христијански светци од 1 век Категорија:Епископи од 1 век Категорија:Личности од Павловите посланија