Мајкл Џон Колинс (, ; 16 октомври 1890 - 22 август 1922) — ирски национален деец и револуционер, учесник во ирското револуционерно движење, министер за финансии и претставник во Ирското собрание (Dáil Éireann) во 1919 година, раководител на разузнавачката служба на Ирската републиканска армија (Óglaigh na hÉireann), член на ирската делегација која го потпишала Англо-ирскиот договор (An Conradh Angla-Éireannach).
Подоцна ги извршувал должностите претседателот на Привремената влада на јужна Ирска и врховен командант на Националната армија. Во текот на својата револуционерна дејност, барем од 1919 година, тој исто така бил претседател на Ирското републиканска братство, а според нормативните акти на самото Братство, тој бил и претседател на Ирската Република. Колинс беше застрелан и убиен во август 1922 година, за време на Ирската граѓанска војна.
Мајкл Колинс е една од најмаркантните и најконтроверзните фигури на ирската борба за независност, човек кој со својата дејност за ирското ослободување зазема место во многубројни научно-историски полемики и дискусии. Колинс се чествува како ирски национален херој кој со својата тактичност упеал да ги принуди британските власти да седнат на преговарачака маса за конечно решавање на Ирското прашање, меѓуто истовремено се обвиненува, поради прифаќањето и потпишувањето на Англо-ирскиот договор, се посочува како еден од главните виновници за поделба на Ирска на два дела: Република Ирска и Северна Ирска.
Детство мини|лево|200п|Спомен плоча на Мајкл Колинс во Клонакилти Роден е во Семс Крос кај Клонакилти, Корк. Колинс бил трето машко дете и најмладо од осумте деца на неговите родители. Повеќето биографи истакнуваат дека е роден на 16 октомври 1890 година, меѓутоа на неговиот гроб, како дата на раѓање се наведува 12 октомври, 1890 година.
Неговиот татко, кој исто така се викал Мајкл (Mícheál), стана член на Ирското републиканско братство, но го напуштил и се посветил земјоделството. Неговиот татко имал 59 години кога се ожени за неговата мајка Маријана О'Брајан која имала 23 годшини. Бракот се случил во 1875 година и бил среќен. Мајкл имал шест години кога неговиот татко починал. мини|десно|350п|Клонакилти На својата смртна постела, неговиот татко истакнал дека во иднина неговата ќерка Елена (постара сестра на Мајкл) ќе стане калуѓерка, а потоа се свртел кон семејството и рекол дека тие треба да се грижат за Мајкл, бидејќи "Еден ден тој ќе биде голем човек. Тој ќе направи голема работа за Ирска." Coogan, page 9.
Колинс бил умно и внимателно дете, со огнен темперамент и силно чувство на патриотизам. Неговите патриотски чувства биле потикнати од локалниот ковач, Џејмс Сантри, а подоцна неговата ирска национална свест била доизградена во националното училиште во Лисаваирд, каде се нашол под влијание на училишниот директор Денис Лион, кој бил член на Ирското републиканска братство. На тринаесет и пол годишна возраст почнал да го посетува националното училиште во Клонакилти. Во текот на неделата, тој останал кај својата сестра Маргарет Колинс O'Дрискол и нејзиниот сопруг Патрик O'Дрискол, додека за време на викендите се враќал во семејната фарма. Патрик O'Дрискол го основал весникот West Cork People, а Мајкл му помогнал во рабатата на весникот West Cork People. Edition 22-08-2002. pg 3. На 15 годишна возраст го напуштил училиштето и во февруари 1906 година полагл испит на Британската цивилна служба, а во јули 1906 година се вработил во Кралската пошта British Postal Service Appointment Books, 1737-1969 about Michael J Collins.
Во 1910 година се преселил во Лондон каде што работел за брокерската фирма Horne and Company како курир. Тој се приклучил во Галската Атлетска Асоцијација, а преку неа остварил контакт со Ирското републиканско братство, тајно друштво кое имало за цел создавање на независна ирска држава. На 19 годишна возраст станал член на Братство Mackay, James. Michael Collins: A Life. p. 38. Во 1915 година се префрлил во Guaranty Trust Company of New York каде што останал сè до неговото враќање во Ирска следната година Stewart, Anthony Terence Quincey. Michael Collins: The Secret File. p. 8.
Велигденско востание мини|лево|150п|Колинс во 1915 г.мини|десно|350п|Даблин по востанието Мајкл Колинс првпат се прославил за време на Велигденското востание во 1916 година. Поради својата мудрост и организитароски собособности бил особно ценет во ИРБ, а бил поставен и за финансиски советник на Џорџ Планкет, татко на еден од водачите на востанието, Џозеф Планкет, подоцна станал и негов советник.
Во текот на подготовките на востанието, Колинс, согласно својата прагматичност, не се согласувал со стратегијата на востаничките водачи, која предвидувала освојување на главните институци во Даблин и дирекни судири со британските безбедносни сили, кои имале тешко воружување. Тој истакнувал дека зградата на Главната пошта ќе биде невозможно да се брани, снабдувањето на востаниците ќе биде отежнато, а доколку востаниците се обидат да се повлечат, нема да имаат можност за тоа, таквите искази на Колинс подоцна биле потврдени од самите настани. Меѓутоа и покрај тоа што не се согласува со стратегијата, Колин учествувал во одбраната на Главната пошта од британските сили, рамо до рамо со Патрик Пирс и останатите ирски револуционери.
По пропаста на востанието, Колинс, како и многу други ирски востаници, бил уапсен и одведен во логорот Фрогнох во Велс. За време на својот престој во логорот, една од главната преокупација му била организирањето на затворениците и нивна обука за герилско војување. Во декември 1916 годфина бил ослободен и веднаш станал значајна личност во Шин Фејн. Во октомври 1917 година бил поставен за раководител на организијата на Ирските доброволци Michael Collins by Tim Pat Coogan (ISBN 0-09-968580-9), page 72.
Ирско собрание мини|лево|150п|Еамон де Валера Во 1918 година, како претставник на Шин Фејн учествувал на генералните британски избори, бил избран за претавник во Британскиот долен дом . Меѓутоа претавниците на Шин Фејн не саклае да учествуваат во работата на Британскиот парламент и го напуштиле. Шин Фејн и нејзините претавници го формирале Ирскиот парламент (Dáil Éireann).
Меѓутоа во јануари 1919 година истакнатите водачи на парламентот во кординирана акција на британските безбедносни сили биле уапсени. Колинс, преку својата мрежа на дошуници бил информиран за престојната акција и ги предупредил останатите. Меѓутоа Еамон де Валера сметал дека апсењето на истакнатите ирски водачи ќе предизвика позитивен пропагнаден ефект. Додека де Валера се наоѓал во затвор, Катхал Бругха бил избран за премиер, меѓутоа (април 1919 година) де Валера (со помош на Колинс) избегал од британскиот затвор и ја зазел позицијата на Бругха.
Колинс бил избран за претседател на Ирското републиканско братство и ја добил должноста раководител на разузнавачката служба на Ирската републиканска армија. Се верува дека Ирската борба за независност започнала истиот ден кога Ирски парламент првпат заседавал, неколку Доброволци од областа Трипери со експлозиви нападнале конвој на безбедносните сили и убиле двајца полицајци.
Ирска војна за независност Министер за финансии Во 1919 година Колинс добил уште една одговорност, де Валера го поставил во Aireacht (влада), како министер за финансии Mackay, p. 116. Во услови на брутална војна, во која министрите се наоѓале во опасност да бидат уапсени или убиени од страна на британските сили за безбедност, најголем дел од министерствата постоеле само на хартија, или министерствата се состоеле од едно или две лица кои работеле во приватни куќи, а голем дел од министрите ги држеле положбите само формално. Меѓутоа Колинс успеал да го организира своето министерство и започнал да подига национален заем за Ирската Република. Министерството за финансии било во можност да организира големи обврзници во форма на "Национален Заем" за финансирање на Ирската Република.
Властите на Руската Република, во текот на Руската граѓанска војна, му наредила на Лудвиг Мартенс, раководител на Советското Бирото во Њујорк, да добие национален заем од Ирската Република преку Хари Боланд, нудејќи дел од рускиот кралски накит како гарант за враќање на заемот (накитот останал во Даблин, бил заборевен сè до 1930 година кога бил случајно откриен).
Раководител на разузнавачката служба мини|лево|200п|Колинс на велосипедмини|десно|350п|Членови на Бандата Каиро, од кои повеќето беа убиени, утрото на 21 ноември 1920 г. Колинс формирал посебна атентаторска единица наречена Одред или Дванаесет апостоли. Оваа единица имала задача да ги ликвидира британските единици. Во овој период авторитетот на Колинс во Ирската републиканска армија и целокупното ирско движење бил огромен. Кога де Валера отпатувал во Соединети Американски Држави, за еден подолг временски период, со цел да добие поддршка од американските кругови за Ирската казуза, Колинс успешно ја раководел владата и успеал да организира операција за набавка на оружје.
Во текот на Ирската војна за независност, под влијание на искуството од 1916 година, Колинс инсистирал да се избегнува статичната стратегија, односно освојувањето и одбрана на поголеми објекти и делумно организирал герилска војна. Колин заедно со Дик Мекиј ги орагнизирал познатите исрки летечки гединици, кои напаѓале ненадејно и бргу се повлекувале, со што постигнувале максимална ефикасност.
Во 1920 година, британските власти ја уцениле главата на Колинс во вредност од 10 000 фунти (еднакво на 360 000 евра во 2010 година), за негово апсење или ликвидирање. Меѓутоа британските сили за безбеност не поседувале фотографија на Колинс со која би можеле да го идентификуваат. Колинс имал неколку канцеларии во Даблин од каде ги раководел своите операции, а британските сили не можеле да му влезат во трага. Колинс за да одбегне секое сомнение, се движел со велосипед по улиците на Даблин, а кога полицијата ќе го застанала, тој останувал мирен и честопати се шегувал со нив, никогаш не бил препознаен.
Под раководство на Колинс биле извршени серија на атентати. Главна мета на нападите биле т.н Black and Tans, британски војници од Првата светска војна кој честопати пателе од воени трауми и биле познати по својата бруталност. Кампањата на Колинс ја доживеала својата кулминација во ноември 1920 година. Колинс подготвил план за ликвидација на британската разузнавачка сила во Даблин, односно т.н Бандата Каиро, која се состоела од осумнаесет високи британски разузнавачи кои воспоставиле широка мрежа на шпиони и информатори низ целиот град. Во текот на целата операција биле ликвидирани тринаесет лица, а шесмина биле ранети. Четворица од жртвите биле воени разузнавчки офицери, а четворица биле членови на британската тајна служба МИ5 или нејзини агенти. Саме еден атенатор бил уапен во текот на акцијата, Френк Телинг, меѓутоа тој подоцна успеал да избега. Како освета, британските сили за безбеност започнале со огнена стрелба врз публиката и играчите на фудбалскиот статдион Крок Парк во Даблин, биле убиени 12 цивили. Кон крајот на денот, биле уапсени и погубени истакнати дејци на ирската партија. Тоа било кулминација на еден од најкрвавите настани во Ирската војна на независнот, познат како Крвава недела.
Во јули 1921 година, британците понудиле примирје. Ирските сили речиси останале без оружје, а јавноста многу остро ги критикувала британските постапки во Ирска. Двете страни биле изморени од крвавиот судир и биле подговени на преговори.
Англо-ирски договор мини|лево|150п|Артур Грифит Де Валера, како претседател на Ирската Република, именувал делегација која требало да ги води преговорите со британските власти. Делегацијата добила овластување за постигнување и потпишување на договор, а притоа не била обврзана да се консултира со Ирскиот парламент. На чело на делегацијата стоел Артур Грифит, а негов заменик бил Колинс.