Грчиште — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Потекло на името

Во минатото селото се нарекувало Гркиште, познато по грчкиот ан во кој преноќувале трговците кои поминувале на релацијата Солун-Белград. Кога дошле Бугарите го преимениле во Грчиште.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Валандово, од левата страна на реката Вардар, чиј атар се допира со територијата на Општина Гевгелија. Од градот Валандово селото е оддалечено 11 километри. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 70 метри.

Атарот зафаќа површина од 15,6 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 389,8 хектари, на шумите отпаѓаат 510,4 хектари, а на пасиштата 404,3 хектари.

Историја

мини|300п|десно|Панорама на селото во 1931 година

Во век, Грчиште било македонско село во рамките на Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Грчиште имало 500 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 164. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Грчиште имало 680 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 100-101.

Грчиште е средно село по големина, но со намалување на бројот на жителите. Во 1961 година селото броело 416 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 286 жители македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Грчиште имало 255 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 176 жители, од кои 171 Македонец, 3 Срби и 2 лица без податоци.

Општествени установи

мини|300п|десно|Подрачното основно училиште во селото

Основно училиште „Јане Сандански“, подрачно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Јосифово

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Архангел Михаил“

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Грчиште се наоѓале градот Валандово и селата Балинци, Брајковци, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Валандово.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 295 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 169 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Глос — населба и некропола од железно време.

Цркви Црква „Св. Архангел Михаил“ — главна селска црква изградена во век; и Црква „Св. Петар и Павле“ — манастирска црква.

Личности

Родени во Грчиште Христо Андонов (1887-1928) — гевгелиски и дојрански војвода Михаил Сионидис (1870-1935) — андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда Илинка Каракамишева (1924-) — учесник во НОВ на Македонија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Валандовски села Категорија:Села во Општина Валандово