Џон Дегенколб (; р. во ) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Негови најголеми победи во кариерата се Милано-Санремо 2015 и Париз-Рубе 2015, два од петте велосипедски монументи. Има освоено етапи на сите три големи трки, десет етапи и бодовниот пласман на Вуелта а Еспања, една етапа на Џиро д’Италија и една етапа на Тур де Франс.
Во 2010 година ја освоил неговата прва етапна трка, Трка околу Тирингија и завршил втор на трката под 23 години на Светското друмско првенство. Дегенколб победил на Гент-Вевелгем 2014, на Ватенфал Класик 2013 и бил краен победник на Европската турнеја на UCI 2012.
Професионална кариера ХТЦ-Хајроуд (2011)
Во 2011 година, Дегенколб станал професионален со екипата ХТЦ-Хајроуд, следејќи ги чекорите на други познати спринтери како Марк Кевендиш и Андре Грајпел. Во неговата прва сезона ги освоил етапите на Волта ао Алгарве, Три дена Западна Фландрија и Трката околу Баварија, пред да освои две етапи на Критериум ди Дофине. Исто така ја освоил еднодневната Трка околу Франкфурт.
Пројект 1т4и / Џајант-Алпецин (2012-2016) 2012
мини|лево|Дегенколб на Олимписката друмска трка во 2012 година
По распаѓањето на екипата ХТЦ на крајот на 2011 година, Дегенколб се преселил во професионалната континентална екипа Пројецт 1т4и.
Дегенколб го освоил генералниот пласман на Тур де Пикарди 2012, каде ги освоил првата и третата етапа на триетапната трка. Временските бонуси на целта на етапите му ја обезбедиле победата во генералниот пласман.
На 19 август 2012, Дегенколб ја освоил својата прва етапа на некоја голема трка, втората етапа на Вуелта а Еспања, која завршувала во Вијана. На малата нагорнина, тој ја поминал целта пред Алан Дејвис од и возачот на Бен Свифт. Го повторил успехот на петтата етапа, рамна кружна етапа во Логроњо. Дегенколб дошол зад Даниеле Бенати, кој го отпочнал спринтот и направил одредена разлика во последните 200 метри и ја поминал целта со мала разлика од возачот на .
Со маичката за бодовниот пласман на неговите гради ја однел третата победа на Вуелта на седмата етапа, на етапа со завршница по круг на патеката во Моторленд Арагон. Потоа следел уште еден успех на десеттата етапа, Дегенколб повторно стигнал до победа во Санхенхо, откако силно ги притиснал педалите на нагорнината и го поминал Французинот Насер Бухани од . Ја завршил Вуелта со пет победи, вклучувајќи ја и престижната последната етапа во Мадрид, каде го заокружил неговото второ учество на некоја голема трка со уште една победа.
По овие успеси на Дегенколб следеле уште една спринтерска победа на Гран при д’Изберг и четврто место на Светските првенства во Фалкенбург, зад победникот Филип Жилбер ().
2013
Успесите на Дегенколб во 2013 година започнале во мај со етапна победа на Џиро д’Италија, негова прва победа на трката во Италија. На Тур де Франс, Дегенколб важел како главен помошник за неговиот колега Марсел Кител, кој освоил четири етапи. Потоа, Дегенколб настапил и победил на Ватенфал Класик во неговата родна земја, победувајќи го Андре Грајпел на целта на трката. Во октомври, Дегенколб победил на две трки во Франција во помалку од една недела, Париз-Бурж и Париз-Тур.
2014
Во 2014 година, Дегенколб го освоил белгискиот класик Гент-Вевелгем, бодовниот пласман и три етапи на Средоземната трка и 3 етапи на Вуелта а Еспања. Етапата вклучувала две категоризирани искачувања и била возена во прилична жештина. Втората била масовен спринт каде возачот на ФДЖ Насер Буани се жалел дека бил неспортски турнат во оградите од Дегенколб, кој сепак ја задржал победата. Третиот успех бил „луда завршница“ според Дегенколб, кој бил подобар од второпласираниот Том Бонен. Четвртата победа дошла на седумнаесеттата етапа кога го поминал Мајкл Метјус на целта. Веднаш по Вуелта и освојувањето на бодовниот пласман, Дегенколб морал да биде примен во болница поради лимфна инфекција.
2015
мини|лево|Дегенколб (средина) на подиумот по победата на Париз-Рубе 2015
Во 2015 година, Дегенколб ја освоил првата трка во Дубаи, третата етапа на трката. Ја остварил најголемата победа во неговата кариера дотогаш со победата во март на Милано-Санремо, каде го освоил спринтот пред претходниот победник од 2014 година, Александер Кристоф. Во април го освоил прославениот класик Париз-Рубе. Во последните километри ги достигнал двајцата бегалци и на крајот победил во групен спринт од седуммина на велодромот во Рубе. Станал првиот Германец кој победил на трката од Јозеф Фишер, кој победил на воведното издание во 1896 година и прв возач кој ги освоил Милано-Санремо и Париз-Рубе во истата година по Шон Кели во 1986 година. Во мај, Дегенколб освоил две етапи на Трката околу Баварија, освојувајќи го и бодовниот пласман.
Во текот на Тур де Франс, Дегенколб го заменил Кител како главен спринтер на Џајант-Алпецин и предводник на екипата. Го опишал неговото учество како „задоволително, иако не баш она за што сонував“, откако завршил помеѓу најдобрите десет на осум различни етапи без да победи на една од нив. Ова вклучувало второ место на четвртата етапа, која имала делови со калдрма. Дегенколб бил напред во групата по нападите од Винченцо Нибали на деловите со калдрма, но на крајот бил победен со напад на сонародникот Тони Мартин.
На Вуелта а Еспања 2015, Дегенколб бил избран за предводник на екипата. На првите две недели од трката, етапните победи го одбегнале, завршувајќи високо на неколку етапи, вклучувајќи помеѓу најдобрите тројца на етапите 3, 5 и 10. Кога колегата Том Димулен неочекувано влегол во борбата за генералниот пласман, Дегенколб работел за Холанѓанецот, вклучувајќи „изненадувачки“ резултат на деветнаесеттата етапа. На планинскиот терен успеал да остане со дваесетина возачи до крајот, поставувајќи го Димулен за напад на калдрмисаното искачување на завршницата во Авила. Дегенколб бил пофален за неговиот резултат, а спортскиот директор го нарекол „феноменален“. Дегенколб успеал да ја освои последната етапа во Мадрид, победувајќи возачи како Дани ван Попел во масовен спринт.
Кон крајот на сезоната, Дегенколб настапил на Светското друмско првенство во Ричмонд, вклучен во водечката двојка со спринтерот Андре Грајпел. Бил сметан од многумина за способен да победи. На самата трка, Дегенколб бил напред во групата поголем дел од последните кругови на трката. На калдрмисаното искачување во последниот круг, Дегенколб бил првиот кој го следел нападот на Здењек Штибар, но не успеал да го следи подоцнежното темпо од групата составена од Ники Терпстра и Грег ван Авермат, помеѓу другите. На крајот, завршил на 29. место, 15 секунди зад победникот Петер Саган. По трката изјавил: „Секако, многу сум разочаран. Кога Петер Саган нападна на претпоследното искачување, немав ништо останато да реагирам“. Дегенколб ја завршил својата сезона со победа на Критериум Саитама во Јапонија, победувајќи го локалниот возач Фумијуки Бепу () и победникот на Тур де Франс Крис Фрум () во спринтерска завршница. По трката изјавил: „Беше многу добра трка, со многу гледачи. Многу се емотивни, особено на крајот кога толпата беше толку гласно и може дури и да се спореди со Шанзелизе со самата атмосфера и бучавата на патот […]. Сега, сезоната е навистина завршена за мена и почнуваат подготовките за новата сезона“.
2016
На 23 јануари 2016 година, додека тренирале во Шпанија, бил еден од шестемина возачи на , кои биле удрени од автомобил. Сите возачи биле во стабилна состојба. Дегенколб имал исеченици на бутот, подлактицата и неговите усни, како и за малку губејќи еден прст. Бил лекуван во Валенсија и Хамбург, но ја пропуштил пролетната класична сезона. Се вратил на Трката околу Франкфурт на 1 мај 2016. Иако не завршил добро на трката, рекол дека бил „задоволен“ од неговиот настап и ја нарекол трката важен чекор кон неговото опоравување. Потоа настапил на Трката околу Калифорнија, каде имал две завршници меѓу првите десет и бил среќен со напредокот, иако неговиот повреден прст сè уште пречка во спринтовите. Покажал понатамошно подобрување на Критериум ди Дофине, прва трка во Светската турнеја, завршувајќи осми на четвртата етапа. Дегенколб ја започнал Тур де Франс во јули, целејќи особено на 16. етапа која завршувала во Берн. На крајот, завршил четврти на масовните спринтови на четиринаесеттата и шеснаесеттата етапа, негови најдобри резултати во сезоната дотогаш.
На 8 јули 2016 година, Дегенколб објавил дека ќе ја напушти екипата Џајант-Алпесин и ќе се приклучи во нова екипа за 2017. Во август, неговата нова екипа била потврдена и тоа била . Ја остварил својата прва победа во сезоната 2016 на 14 август на завршната етапа на Арктичката трка на Норвешка, исто така обезбедувајќи го бодовниот пласман на трката. Потоа следело второто место на Јуроајс Класик во Хамбург, стигнувајќи зад Кејлеб Јуан во масовен спринт.
На Светското друмско првенство во Доха, Дегенколб бил дел од германската репрезентација. Првично останал во групата напред по нападот на белгискиот состав, кој ја поделил групата. Дупната гума го приморала Дегенколб да се врати во втората група. Тука, Дегенколб се обидел да го предводи сонародникот Андре Грајпел напред, напор кој бил попречен од белгиските возачи, што довело Дегенколб да испрска со вода во лицето на Јенс Дебишер. Зборувајќи за инцидентот по трката, Дегенколб кажал: „Ох, Јенс бараше освежување и ја му ја уважив желбата“. По повлекувањето од трката поради премореност на 40 километри пред целта, Дегенколб ја заокружил неговата сезона со: „Ова беше лоша сезона оваа година. Но, уште сум жив, животот оди понатаму“. Ја завршил сезоната на Трката Абу Даби, каде стигнал втор зад Џакомо Ницоло на првата етапа.
Трек-Сегафредо (2017–2019) 2017
мини|170п|Дегенколб откако завршил трет на националното друмско првенство 2017
Дегенколб ја забелажал својата прва победа во 2017 на 2 февруари на третата етапа на Трката Дубаи, претекнувајќи ги Рејнарт Јансе ван Ренсбург и Сони Колбрели во масовен спринт. Ја завршил трката на третото место. Во текот на сезоната на класиците во пролетта, Дегенколб ја преземал улогата на водач во Трек-Сегафредо од Фабијан Канчелара, кој се повлекол на крајот на 2016 година. На крајот имал силни резултати, но не успеал да освои трка. Отпаднал во текот на искачувањето на Поџо на Милано-Санремо, завршувајќи седми на целта. На Е3 Харелбеке, екипата не била присутна во групата на бегалците, со што си наштетила за висок пласман, а Дегенколб завршил на 13. место. Откако завршил петти на Гент-Вевелгем и седми на Трката околу Фландрија, Дегенколб настапил на Париз-Рубе. Трек-Сегафредо имал силна трка, откако тројца негови возачи завршиле меѓу најдобрите десет, а Дегенколб завршил на десеттото место. Меѓутоа, Том Бонен жестоко го критикувал по трката за негово покривање, изјавувајќи: „За мене, тој ја извозе најкукавичката трка во неговиот живот“. Дегенколб завршил трет на домашната трка, Трката околу Франкфурт на почетокот на мај, откако имало механички проблем за неговиот помошник Јаспер Стејвен во текот на завршниот спринт.
На Тур де Свис, Дегенколб бил поддржан од пролетните победи од екипата, завршувајќи трет на третата етапа. Ја изразил својата фрустрација по петтата етапа. Бил вклучен во составот за Тур де Франс, при што имал бројни спринтерски завршници, вклучувајќи го второто место зад Марсел Кител на етапата 10.
Подоцна во сезоната, Дегенколб возел на Вуелта а Еспања, но се откажал поради болест во првите денови. Требало да ја предводи германската екипа на Светското друмско првенство во Берген, но се повлекол една недела пред трката, наведувајќи здравствени проблеми.
2018